ЦАРСКА ПИТА ЗА 40 МИНУТИ…Кога еднаш ќе ја пробате, секогаш вака ќе ја правите…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):
4 јајца
1 чаша масло
1 чаша течен јогурт
2 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво
И уште:
150 г шунка, исечкана на коцки
2 црвени пиперки (свежи или од туршија), сечкани
150-200 г кисели краставички, сечкани
300-400 г сирење или урда
ПОСТАПКА:
1.Јајцата пенасто изматете ги со лажичка сол. Постепено додајте го маслото, па јогуртот и на крај брашното помешано со прашок за печиво.
2.Во тестото додајте ги сечканите пиперки, шунката, киселите краставички и сирењето. промешајте за рамномерно да се распоредат сите состојки.
3.Смесата излејте ја во калап 30х20 см обложен со хартија и печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 40-45 минути.
Пред печењето по желба посипете сусам. Постапката погледнете ја ОВДЕ.