За 10-12 порции потребно е:
200 г Брашно за колачи од Жито Лукс
200 г шеќер
100 г омекнат путер (на собна Т)
75 г какао во прав
5 цели јајца,
50 мл млеко
ПОДГОТОВКА:
Раздвојте ги жолчките од белките во две чинии.
Изматете ги белките во цврст снег. Жолчките изматете ги со шеќерот во пенаста смеса (постепено додавајте шеќер и матете околу 15 минути со умерена брзина).
Потоа додадете путер кој претходно омекнал на собна температура и продолжете со матење.
Постепено додавајте од брашното за колачи од Жито Лукс и какао во прав, па постепено долевајте млеко.
Потоа соединете со снегот од белки и внимателно измешајте за не се изгуво воздушестата маса.
Смесата за колач истурете ја во тркалезен калап (22 см) претходно намастен со путер и поросен со брашно. Печете околу 40 минути.