Од памтивек, медот е познат по своите лековити својства. Истото може да се каже и за куркумата, која иако е релативно нов зачин на нашите простори, сепак, овој лековит корен се користел како лек многу одамна.




Што ќе се случи ако ги измешате овие две исклучително лековити намирници? Постојат огромнен број причини зошто треба секојдневно да се конcyмира оваа мешавина. А доколку се додадат уште неколку состојки, оваа комбинација се претвора во вистински природен антибиотик.




Денес сакаме да споделиме со вас неверојатен рецепт за една поинаква „златна мешавина“, природен лек кој ќе го зајакне имунолошкиот систем и ќе ви заштеди не само пари за скапи cyплементи од аптеката, туку и ќе ги одбегнете непријатностите поврзани со болеста.




Куркума и мед – главните компоненти на „златната мешавина“ – се исклучително ефикасни кога станува збор за воспалителни и заразни болести. Оваа мешавина е одлична алатка за зајакнување на имунолошкиот систем и спречување на воспалителни болести, па дури и рак. Многу лесно се подготвува:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г мед, 1 лажичка куркума во прав, 1 прстофат црн пипер во прав, 2 лажици јаболков оцет, 1 лажичка ситно рендана кора од лимон, 1 лажичка кокосово или ладно цедено, маслиново масло. Лимонот треба да биде органски, а доколку е купешки, претходно истретирајте ја кората со раствор од сода бикарбона и оцет.




ПОСТАПКА: Измешајте куркума, јаболков оцет и црн пипер. Додајте кора од лимон, масло и мед. Добро промешајте додека смесата да се изедначи. Патем, црн пипер се додава за да се забрза апсорпцијата на куркумата. Оваа чудесна мешавина треба да се чува во тегла со капак и секогаш во фрижидер.




КАКО СЕ КОРИСТИ: За да спречите настинки, сезонски алергии и со антиинфламаторно дејство, потребно е секое утро да користите по 1 лажица златна смеса, наутро, полека да се растопува во устата или да се раствори во чаша млака вода.




Ако сметате дека ќе се разболите, оносно не се чувствувате баш добро и ги имате првите симптоми на настинка, оваа мешавина дефинитивно ќе ви биде корисна. Земајте по 1/2 лажичка од смесата секој час во првите 2 дена од болеста. Потоа 1/2 лажичка на секои 2 часа на 3. и 4. ден од болеста.




Додека симптомите на болеста да исчезнат целосно, неопходно е да се зема од смесата 3 пати на ден. И што е најважно, правилно користете ја смесата. Треба да ја ставите смесата во устата и да почекате додека целосно да се стопи. На овој начин, помешана со ензимите од плунката, има најсилен и најделотворен ефект. Не треба веднаш да се голта.




По употреба, не е пожелно да пиете вода или веднаш да ја исплакнете устата. Смесата може да се јаде и за појадок, да се намачка на парче леб или да се додава во чај, но мора да биде на собна температура за да не се изгубат потребните витамини и минерали.




Зачувајте го рецептот за овој природен антибиотик и споделете го со вашите пријатели, бидејќи здравјето на вашите најблиски е бесценето. Бидете здрави!

Кој не смее да конcyмира куркума: луѓе со камен во жолчка, бидејќи куркумата cтимyлиpа производство на жолчен сок и може да го придвижи каменот; бремени жени, луѓе пред опера-ција и оние со коагулациони проблеми (бидејќи во поголеми количини ја разредува кр-вта); луѓе со чувствителен дигестивен систем. Пред употреба на природни лекови потребна е конcyлтација со лекар.