Фото и рецепт: Сандра Левак

Вкусна старинска торта во нова верзија со шумско овошје и кремаст вкус.

Потребни состојки:

2 жолчки
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
250 г путер на собна температура
450 г остро брашно
1 прашок за печиво
плех 20х30 см

за фил:

500 г свежо кравјо сирење (маскарпоне или др)
22 г шеќер
2 лажици гриз
2 ванилин шеќер
2 белки (изматени во снег)

За овошен дел:

700 г смрзнато шумско овошје
4 лажици шеќер
2 ванилин шеќер

Постапка:

Во 250 г путер исечен на коцки и омекнат на собна температура додадете 2 жолчки, 100 г шеќер и една кесичка ванилин шеќер. Пенасто измиксајте додека да добиете крем.

Во 450 г остро брашно додадете една кесичка прашок за печиво, па замесете тесто со претходно изматениот путер. Тестото поделете го на два дела: 1/3 ставете во замрзнувач, а 2/3 од тестото ставете во обичен фрижидер.

Фил: Во подлабок сад пенасто изматете 500 г маскарпоне или друго свежо сирење со 200 г шеќер, 2 големи лажици гриз и 2 кесички ванилин шеќер. На страна изматете две белки во цврст снег, па со лажица додадете го и внимателно измешајте го сирењето.

За овошен дел: 700 г смрзнато шумско овошје измешајте со 4 лажици шеќер и 2 кесички ванилин шеќер.

Редење: Поголемото тесто (2/3) развлечете го во кора според величината на плехот (20х30 см), па врз него рамномерно нанесете го филот со сирењето, а врз него распоредете го овошјето.

Најпосле, врз овошјето изрендајте го замрзнатото тесто (1/3). Ставете да се пече во загреана рерна на 150 степени со вентилатор околу еден час или без вентилатор на 180 степени (прилагодете според вашата рерна).

Фото и рецепт: Сандра Левак