И покрај значителниот напредок во индустријата за нега и козметика, модерните жени продолжуваат да ја користат домашната козметика. Покрај тоа, попу-ларноста на народните лекови воопшто не се намалува, туку, напротив, се зголемува.
Секоја жена сака нејзината кожа да изгледа свежо и еластично. И за да се постигне посакуваниот резултат, се користат различни средства. Важноста на домашната козметика не може да се пренагласи Во оваа статија ќе споделиме некои од тајните за правење природна козметика во домашни услови.
Многу жени се привлечени од можноста за подготвување на природна козметика во домашни услови. Ако внимателно го разберете ова прашање, можете да најдете многу предности на само-подготовка на козметиката: домашна природна козметика секогаш е свежа; можете да бидете сигурни во квалитетот на сите состојки кои се користат во рецептите за домашна козметика;
Домашната природна козметика е секогаш поевтина; рецептите за природна козметика се пренесуваат од генерација на генерација, што укажува на нивната висока ефикасност, а покрај тоа, ја имате можноста за експериментирање и додавање или менување на состојките според личните потреби.
СОДА БИКАРБОНА И ЛИМОН ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕТО. Постапка: Измијте го лицето со млака вода, па на влажно лице нанесете сода бикарбона и со нежни кружни движења измacирајте ја кожата, особено на критичните места. Оставете да отстои содата 5-10 минути, додека да почувствувате благо затегнување.
Потоа лицето изплакнете го со млака вода и исушете го лицето со нежен пешкир, со тапкање, без груби движења. Натопете пупфер или памук во свежо исцеден лимонов сок, па нанесете на лицето. на почетокот малку ќе пецка, особено на акните и мозолките, но ефектот е краткотраен. Оставете лицето да го впие лимоновиот сок.
Потоа на тупферот нанесете бебешко масло или крем кој и одговара на вашата кожа, па нанесете на целата кожа од лицето и вратот. Ова најдобро е да се прави навечер, за да има време кожата да се регенерира. Овој третман не треба да се прави преку ден, бидејќи лимонот е фитотоксичен и може да има контраефект кога ќе дојде во допир со сончевите зраци.
Оваа маска не ја ставајте повеќе од еднаш седмично, бидејќи е доста агре-сивна и делотворна. Ќе забележите како сите оние ситно точки и мали неправилности полека ќе ис-чезнат, а кожата ќе се затегне, ќе стане мека, мазна и свежа. Во продолжение прочитајте некои тајни од домашната козметика:
Рецепт за домашна маска за сува кожа. Состојки: 1 лажичка мед, 2 лажици маслиново масло, 2 сирови жолчки. Сите компоненти мора да бидат добро измешани и соединети, нанесени на чисто лице и измиени со топла вода по 5-10 минути. После тоа, лицето треба да се избрише со мека салветка и да се нанесе хидрантен крем.
Рецепт за чистење на масна и комбинирана кожа. Состојки: 1 супена лажица ситно мелено кафе, 1 супена лажица кисела павлака. Кафето и киселате павлака треба добро да се измешаат, а потоа добиениот крем да се нанесе на чисто лице со кружни движења. По 20 минути, лицето треба да се измие со ладна вода, а откако ќе се исуши со памучна крпа, да се нанесе хидрантен крем.
Рецепт за природен шампон за сува коса. Состојки: 1 жолчка од јајце, 40 мл рициново масло. Состојките треба да се измешаат добро, а смесата да се нанесе на влажна коса со движења на маcaжа, а по неколку минути темелно да се исплакнат со вода.
Рецепт за природен шампон за масна коса. Состојки: 1 супена лажица синап во прав, 50 мл вода, неколку капки од есенцијално масло. Компонентите на шампонот треба да се измешаат, а смесата потоа се нанесува вообичаено и се плакне со вода. После тоа, пожелно е да се исплакне косата со изладен чај од билки – камилица или коприва.