Пробајте го рецептот на Валентина Машковиќ за здрава и брза торта без печење која се подготвува од само 5 состојки. Тортата е толку многу вкусна, што ваков вкус нема нигде да најдете. Може да ја правите и за родендени, излегува голема и декоративна.

Без печење и без шеќер, оваа торта навистина ќе ве воодушеви. Има чоколаден вкус, а крцкавоста ја добива од орео бисквитите. Доколку сте љубители и на овошна торта со розен, прочитајте го и вториот рецепт:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 кг банани, 400 г шлаг, 350 г кисела павлака (прво две лажици, па после остатокот), 400 г орео бисквити или било какви чоколадни бисквити, 1 пакување розен кори.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1 пакување готови кори за розен торта, 1,5 литар млеко, 4 пудинзи од ванила, 10 лажици шеќер, 250 г маргарин/путер, 250 г шеќер во прав (може и помалку, по вкус) и 1 лимон – рендана кора. ЗА ОВОШНИОТ КРЕМ: 250 г јагоди, 3 лажици шеќер, 300 мл вода, 1 пудинг од ванила, 1 лимон – сок. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 200 мл слатка павлака и 100 мл кисела павлака.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Сѐ што е потребно да направите е да ги измиксате состојките, а потоа да започнете со филување. Користете зрели банани за да нема потреба да додавате шеќер и колачот да биде поздрав. Измиксајте ги бананите со рачен миксер или блендер, додека се добие смеса како пире. Во пирето од банани додајте 400 г шлаг и измиксајте сѐ под миксер, додека смесата да стане еднолична.




Може да користите готов шлаг или вие да си го направите со млеко. Во смесата од банани и шлаг дојте 2 полни лажици кисела павлака (до врв) и повторно сѐ соединете. На крајот измешајте ги измелените орео бисквити или било какви чоколадни бисквити. Не треба да бидат скроз измелени, туку како покрупни трошки.

Вака подготвената смеса започнете да ја филувате преку розен корите кои ќе ги редите една врз друга. Филувајте и редете сѐ додека да ги потрошите корите и филот. На крајот, тортата се премачкува целосно со преостанатиот фил. Декорацијата останува на вас, но искрено нема потреба од дополнително мачење бидејќи тортата изгледа шарена од филот.




Ставете ја тортата во фрижидер на ладење околу 5-6 часа или најдобро преку цела вечер, а потоа послужете ја со сечење на правоаголни парчиња. Во продолжение прочитајте ја овошната верзија за торта со розен кори.

ПРВ РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Одземете малку од млекото за да ги промешате пудинзите, а во остатокот ставете го на оган да зоврие со 10 лажици шеќер. Во зовриеното млеко сварете го пудингот со постојано мешање додека да згусне (3-4 минути). Оставете го да излади со повремено промешување за да не фати коричка.

ВТОР РЕЦЕПТ




Кога ќе биде млако-ладно, во него измиксајте го путерот со шеќерот во прав и додајте рендана кора од лимон. Првиот крем е готов. ЗА ОВОШНИОТ КРЕМ: Јас користев јагоди, но може да користите овошје по ваш избор. Исчистете ги јагодите (може и замрзнати), исечете ги на ленти, додајте 3 лажици шеќер, сок од еден лимон и ставете да се готват на тивок оган.




Кога јагодите ќе започнат да го испуштаат сокот и кога целиот шеќер ќе се растопи, земете рачен миксер и измиксајте ги колку да исчезнат оние поголемите парчиња (да не биде баш пире од јагоди). Во посебен сад измешајте 300 мл вода и еден пудинг од ванила, па оваа смеса додајте ја во јагодите и мешајте неколку минути, па тргнете од оган. И вториот крем е готов.




ФИЛУВАЊЕ: Во моето пакување имаше 10 тенки кори. Ако знаете како, направете домашни кои верувам се уште повкусни од купечките. Филувајте ги така што на секоја трета кора ќе нанесете овошен крем. Значи 3 – 6 – 9 се премачкуваат со овошен крем, а сите останати вклучително и последната се филуваат со ванилин кремот.




ВТОР РЕЦЕПТ

Оставете го колачот во фрижидер добро да се стегне до следниот ден. Одозгора филувајте со изматена слатка павлака како шлаг во која пред крајот ќе додадете кисела павлака. Тортата украсете ја како што сакате. Сладете се со секој залак кој се топи во уста. Деталите од првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ.