Брза торта без печење и некое посебно приготвување. За новите домаќинки е супер брз рецепт, но и за оние кои немаат многу време. Се подготвува за неполни 15 минути, а после треба да се остави да се лади во фрижидер уште 30 минути.




Интересно е тоа што добивате нов и поразличен вкус, а сепак не користите брашно, јајца, ниту печете. Оваа торта е вистинско чудо и има многу декоративен изглед. Може да ја правите и за родендени или некои други прослави, а сите што ќе ја пробаат ќе ви благодарат на пруженото задоволство.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 180 г чоколадни кекси/бисквити, 80 г путер, 5 белки од јајце, 300 г шеќер во прав, 100 мл вода, 10 г желатин, 20 г какао, 100 г чоколадо и уште 80 г путер за глазурата.




ПОСТАПКА: Кексите измелете ги во блендер, па смесата измешајте ја со претходно растопен путер. Направете фина смеса, па ставете ја во калап со флексибилен обрач, обложен со хартија за печење и добро затегнете ја и добро измазнете ја.




Кората сама по себе ќе се стврдне во фрижидер. Потоа направете го кремот: одделете ги белките од жолчките, а за овој рецепт ќе ви бидат потребни само белки. Изматете ги во цврста пена, а потоа во нив додајте го шеќерот во прав и продолжете со матење додека тој да се растопи.




Настрана измешајте 100 мл вода на собна температура со желатин и добро соединете. Желатинот прелијте го во белата смеса и соединете во еднолична, течна смеса. Половина од кремот прелијте го во калапот врз кората.




Во втората половина додајте го какаото и соединете рамномерно. Излејте го преостанатиот чоколаден фил врз белата смеса и со помош на шпатула направете видливи шари за декорирање. Вака подготвената торта ставете ја во фрижидер да се стегне околу 3 часа.




По изминатото време, направете ја глазурата со растопување на чоколадото заедно со путерот во тенџере. Оваа глазура се прелива врз тортата, која треба да биде извадена од калапот, а потоа се премачкува целосно одозгора и по страните.




Тортата се враќа во фрижидер на уште 30 минути за да се стегне чоколадото, а потоа се послужува. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.