Се јаде три дена, ама затоа прави екстра добри работи за вашиот организам, особено ако сте мечтаеле за рамен стомак и помал обем на струкот. За да го постигнете тоа, секако мора малку да се потрудите, а овој рецепт ќе ви помогне многу побрзо да се ослободите од масните наслаги.
Овој рецепт за оброк потребно е да го правите три дена. Потребно е да го јадете три дена по ред без промашување, но затоа ќе бидете изненадени од промените кои ќе ви се случат и однадвор и однатре.
Тајната на успехот всушност се крие во разложувањето на мастите и насобраниот отпад кој многу полесно се исфрла откако ќе се разгради.
На почетокот кога ќе започнат да се случуваат тие реакции, можеби ќе се чувствувате чудно, но набрзо ќе настапи празнењето.
Гасовите и подуеноста ќе исчезнат и сите заостанати остатоци од екскрементот кои биле заглавени во цревата, најпосле ќе бидат принудени да се придвижат и ќе бидат исфрлени.
А вашиот стомак видно ќе спласне (како издишан) и за три дена ќе изгледате многу послабо.
Потребни состојки: зелка, цвекло, морков, лимонов сок и малку маслиново масло.
Постапка: Изрендајте зелка, цвекло и морков во однос 3:1:1. Значи, на три лажици рендана зелка додавате по една лажица рендан морков и рендано цвекло.
Количината на зеленчукот не е ограничена, но ограничено е маслото кое треба да биде неколку капки и не смее да биде повеќе од една рамна лажица.
Во ренданиот зеленчук можете да додадете сечкан магдонос по ваша желба или целер.
Измешајте го зеленчукот, исцедете ја течноста, па салатата прелијте ја со исцеден сок од еден лимон. Не смеете да додавате сол, туку само неколку капки маслиново масло.
Вашиот витамински оброк е готов. Запамтете дека многу е важно во оваа салата да не додавате ниту зрнце сол и никакви други додатоци освен наведените.
Оваа салата треба да ја јадете неколку часа пред спиење наместо вечера (минимум три часа пред да си легнете).
Само на овој начин ќе забележите видливи резултати. Оваа салата ќе го препороди вашето тело поради состојките со кои изобилува, а тоа се витамини, минерали, растителни влакна и пектин, а кои ќе ве заситат, ќе ви дадат енергија, ќе го подобрат варењето и ќе ги регулираат проблемите со варењето.
Ако ви се допадне оваа салата, слободно продолжете да ја јадете и после изминувањето на трите дена, меѓутоа, после седум дена треба да направите кратка пауза од неколку дена.
Инаку, овој рецепт е тајната за рамен и убаво обликуван стомак на бројни манекенки.
Салатата ќе ве алкализира и после три дена ќе се чувствувате одлично. Во текот на овие три дена обидете се да пиете повеќе течности и чаеви, особено во првата половина од тенот, за да поттикнете придвижување на цревата и нивно празнење.
Најдобро би било ако вашиот прв утрински напиток е чаша топла вода со малку лимонов сок. Секој по вкус може да додаде и малку цимет или куркума, рендан ѓумбир, малку мед… Во текот на денот испијте и барем една шолја зелен чај. Оброците нека ви бидат полесни и одбегнувајте торти, колачи и газирани напитоци.
ПРОБАЈТЕ И „ЗЕЛКА ДИЕТА“ КОЈА ТРАЕ СЕДУМ ДЕНА
Предност на оваа диета е тоа што богата со нутриенти, не трае долго и може да го активира метаболизмот.
Супата можете да ја јадете во неограничени количини, па така никогаш не сте гладни. Спаѓа во здравите програми за исхрана и навистина дава резултати доколку се придржувате до правилата.
Правилата се едноставни: одбегнувајте алкоxол, газирани пијалаци, шеќер, леб и сувомесното.
Откако ќе ја приготвите супата можете целото тенџере да го чувате во фрижидер или на тераса ако е ладно (за да не ви фаќа место) или да ја поделите во загреани тегли уште додека е топла, да ги затворите (со што ќе се вакумираат) и откако ќе изладат да си вадите по потреба.
Оваа супа уште се нарекува и меди-цинска супа, ди-етална супа, супа за после пpејадување и пpепивање…
Со користење на диeталната супа ќе бидете восхитени од резултатите за само неколку дена. Ви го претставуваме рецептот за диeтална супа која сигурно ќе стане ваше омилено јадење.
Потребни состојки: 6 главици кромид со средна величина, 3-4 домати или доматно пире, по вкус, 1 мала главица зелка, 2 зелени пиперки, 500 г целер, корен и лист и 1 коцка супа (или 2 петлови супи)
Постапка: исечкајте го зеленчукот, додајте вода, сол, црн пипер по вкус. Гответе го зеленчукот на висока температура 10 минути, а потоа намалете ја температурата на тивко и гответе додека зеленчукот да омекне.
МЕНИ ЗА СЕДУМ ДЕНА
Ден 1 Супа од зелка и овошје по избор, единствено не се дозволени бананите. Пијте доста течности, а се препорачува вода, незасладен чај или црно кафе.
Ден 2 Супа и зелен зеленчук (свеж, темно листест зеленчук). Не смеете да јадете пченка, зелен грашок или грав. За вечера, печен компир со малку растително масло. Овој ден е забрането овошјето.
Ден 3 Супа, овошје и зеленчук, но без компир. Третиот ден веќе се гледаат резултатите, па би требало веќе да ос лабите 2 кг.
Ден 4 Супа, овошје и зеленчук, вклучително и банани и млеко со низок % масти. Може да изедете најмногу 4 банани.
Ден 5 Супата од зелка е задолжителна, а дозволен е и еден оброк 300-500 г немасно пилешко или говедско месо и салата од домати (максимално до 6 домати). Во текот на денот треба да испиете 1,5 до 2 литри вода за да се исперат вишокот киселини од организмот.
Ден 6 Супа, варено месо и зеленчук (особено лиснато). Шестиот ден не е дозволено да се јаде компир.
Ден 7 Чинија супа, варен интегрален ориз со зеленчук, овошен сок, свежо цеден. Во текот на диeтата пијте повеќе вода и комбинирајте ја исхраната со умерена физичка активност.