Чај од ореви се употребува за прочистување на крвта, отстранување на дигестивни пречки, при отсуство на апетит…
Чај од оревовиот лист се додава во вода и така се добива купка која помага кога станува збор за претерано потење на нозете, гноен осип или „бело прање“, исцедок од вагината.
Како додаток на водата помага и кога станува збор за костоболки, скрофулоза и рахитис. Красти на глава, инфекции или чиреви на кожата се испираат со чај од оревов лист.
Овој чај се користи за испирање на устата и ждрелото кај сите видови заболувања на овие органи.
Против опаѓање на косата се препорачува чај од орев кој треба често да се втријува во кожата од главата.
ЧАЈ ОД ОРЕВИ
Една полна лажичка ситно исечкани листови од орев прелијте со 250 мл врела вода и оставете да отстои кратко време.
Дијареа, нарушена цревна флора:
10 г сув лист ставете во 1 литар зовриена вода и оставете да отстои 15 минути. Се пие 3 до 5 шолји на ден.
ЗА НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА – ПРЕТЕРАНО ПОТЕЊЕ НА НОЗЕ
Две шаки сув лист или лушпа ставете во 2 литри вода. Оставете да врие 15 минути. Кога ќе се разлади, процедете.
Секојдневно оваа вода користете ја за миење на стапалата.
За испирање на усна шуплина и ждрело во случај на стоматитис (воспаление на слузокожата на усната шуплина):
Направете напиток од 15 грама лист на 200 мл вода.