Лековитиот корен од пашканат, се користи речиси идентично како морковот. Рендан свеж корен едноставно се додава во јадењата како зачин, а може да се готви и пржи. Слободно додавајте го во лековити супи кои го крепат организмот, лесни чорбички и сезонски салати.
Може да се користи и за подготовка на сосови и пире. Исто така, се подготвува и одличен леб од сушен и мелен корен од пашканат. Покрај тоа, мармаладот, ликерите, ракиите и домашните вина можат да бидат ароматизирани со корен од пашканат. Пашканатот може да се меле во прав и да се чува во добро затворена тегла и да се додава во зелената салата како ароматичен, вкусен и здрав зачин.
I рецепт: Крем супа од пашканат. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кафени лажици маслиново масло, 1 шолја сечкан кромид, неколку компири со средна големина, 4 средни корења пашканат, половина чаша бело вино, 3 чаши пилешка супа, 1 чаша млеко, малку црн пипер, 1 чаша варен ориз, прстофат сол.
ПОСТАПКА: Загрејте го маслиновото масло на тивок оган. Додајте го кромидот и пржете додека да стане карамелизиран, мешајќи повремено, околу десет минути. Додајте ги претходно сварените компири и пашканатот исечени на коцки, варете неколку минути, зголемете ја температурата на готвење малку и додајте го виното.
Оставете да врие додека да испари поголемиот дел од течноста, а потоа додајте ја супата и варете уште 20 минути. Додајте го млекото, а потоа оставете ја супата да зоврие. Потоа додајте го претходно сварениот ориз, црн пипер и малку сол по личен вкус. Пробајте ја и следната комбинација од пашканат и компир:
II рецепт: Пашканат и компир. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г пашканат, 200 г компири, средна главица кромид, лажичка ким, лажичка мешавина од зачини, 1 лажица брашно, црн пипер, 1 лажица сенф, 2 кисели краставички, 100 мл кисела павлака, вода.
ПОСТАПКА: Измијте ги и излупете ги пашканатот и компирите, а потоа исечете ги компирите на помали коцки, а пашканатот на прстени. Ситно исечкајте го кромидот и лесно пропржете го во загреано масло. Потоа додајте пашканат, компир, мешавина од зачини, пржете многу кратко и потоа прелијте со врела вода.
Гответе ја чорбата поклопена, на тивок оган, додека зеленчукот да омекне. Киселите краставички исто така, треба да се исечат на мали коцки. Измешајте брашно и сенф со малку ладна вода, додајте ги коцките од краставица и сè заедно измешајте во чорбата.
Варете многу кратко колку да добие густина од брашното, додајте малку кисела павлака и послужете со ќофтиња од зеленчук или мелено месо (по ваш избор). Подолу можете да го прочитате рецептот за медицинската супа која доколку ја пробате, ќе бидете воодушевени, а особено од резултатите кои ги дава таа.
Следниот рецепт за супа уште се нарекува и медицинска супа, диетална супа, супа за после прејадување и пpeпивање… Со користење на диеталната супа ќе бидете восхитени од резултатите за само неколку дена. Ви го претставуваме рецептот за диетална супа која сигурно ќе стане ваше омилено јадење.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 главици кромид со средна величина, 3-4 домати или доматно пире, по вкус, 1 мала главица зелка, 2 зелени пиперки, 500 г целер, корен и лист и 1-2 коцки супа (или 2 петлови супи).
ПОСТАПКА: Исечкајте го зеленчукот, додајте вода, сол, црн пипер по вкус. Гответе го зеленчукот на висока температура 10 минути, а потоа намалете ја температурата на тивко и гответе додека зеленчукот да омекне. Во текот на диетата не можете да консумирате брза храна, шеќер, ал кохол, леб, газиран пијалак, било каква масна и димена храна.
МЕНИ ЗА СЕДУМ ДЕНА – Ден 1 – Чинија супа и било какво овошје, освен банана. Може да пиете чај, кафе или вода. Ден 2 – Супа и зелен зеленчук (свеж, темно листест зеленчук). Не смеете да јадете пченка, зелен грашок или грав. За вечера, печен компир со малку растително масло. Ден 3 – Супа, овошје и зеленчук, но без компир.
Ден 4 – Супа, овошје и зеленчук, вклучително и банани и млеко со низок % масти. Ден 5 – Супа, варено месо и домат. Ден 6 – Супа, варено месо и зеленчук (особено лиснато). Ден 7 – Чинија супа, варен ориз со зеленчук, овошен сок, свежо цеден. Во текот на диетата пијте повеќе вода и комбинирајте ја исхраната со умерена физичка активност.