На масло пропржете ситно сечкан кромид или праз, па кога ќе стане стаклест, додадете пченичен гриз. Додадете и рендан морков…
Потребни состојки:
1 главица кромид
2 лажици пченичен гриз
2 моркови
400 г карфиол +-
900 мл вода +-
150 мл млеко
Зачини, сол, црн пипер, мешан сув зачин
По вкус додадете павлака за готвење
Постапка:
На масло пропржете ситно сечкан кромид или праз, па кога ќе стане стаклест, додадете пченичен гриз. Додадете и рендан морков…. Мешајки додадете околу 300 мл вода.
Кратко нека се готви па додадете карфиол исечкан на цветчиња. Зачинете по вкус и прелијте со уште 600 мл вода.
Гответе 20-тина минути. Додадете млеко, па варете уште 5-6 минути, а по вкус за да ја засилите чорбата додадете и павлака за готвење.