Колачот едоставно се приготвува, не е комплицаран, но она што го издвојува од другите и го прави посебен, е изборот на состојките. Бисквитот има интересен и привлечен вкус на лешник, а кремот е чоколаден и се приготвува со помош на готов пудинг на кој му се засилува вкусот со силно црно кафе.
За да ги приготвите овие крем коцки ќе ви бидат потребни следните состојки: 3 јајца, 150 г шеќер, 50 мл масло, 100 мл млеко, 100 г чоколадо, 70 г брашно, 1 прашок за печиво и 100 г мелени лешници. За Крем ќе ви бидат потребни следните состојки:
400 мл млеко, 1 пудинг од чоколадо, 60 г шеќер, 100 г чоколадо, 50 мл силно црно кафе и 250 г путер/маргарин. За Глазура уште ќе ви биде потребно: 20 г путер и 100 г чоколадо. Постапка: Јајцата и шеќерот пенасто изматете ги со миксер, додадете масло, млеко, топено чоколадо, брашно помешано со прашок за печиво и лешници.
Сето добро измешајте го а потоа смесата излијте ја во намастена и набрашнета тепсија (22х36см) и печете во рерна загреана на 180°C 35-40 минути. Прашокот за пудинг помешајте го со 2-4 лажици шеќер. Од 400 мл ладно млеко одземете 6 лажици и добро промешајте ги со смесата од пудинг и шеќер.
Остатокот од млекото сварете го, тргнете го од оган и додадете го разматениот прашок за пудинг, па мешајќи гответе уште 1-2 минути. Во топлиот пудинг измешајте го растопеното чоколадо и црно кафе. Излејте го во подлабок сад, покријте го со проѕирна фолија и оставете целосно да се олади.
Путерот пенасто изматете го и додадете го во изладениот пудинг. Сето добро промешајте го и распоредете го врз изладениот бисквит. За глазура, растопете го путерот, тргнете го од оган, измешајте го искршеното чоколадо и мешајте додека не добиете мазна структура. Колачот добро изладете го, а потоа прелијте го со чоколадната глазура.
Coolinarika.com