Чоколадните коцки се едни од омилените десерти кои се јадат во еден залак. Овојпат за вас подготвивме неколку предлози, од кој првиот колач се приготвува многу брзо, од само три состојки, а помеѓу се лепи со џем или некој крем по ваш избор. Вториот рецепт е без јајца, за од третиот, исто така од три состојки, ќе добиете шарени коцки. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г нутела или некој сличен лешников/чоколаден намаз, 4 јајца, 110 г брашно, џем по желба за премачкување. За чоколадна глазура: 120 г чоколадо за готвење и 4-5 лажици вода

рецепт 2




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г брашно, 2 лажички сода бикарбона, 4 лажици какао, 4 лажици мелени ореви или лешници, 250 мл течен јогурт, 100 мл масло, 8 лажици шеќер, 4 полни лажици џем. За прелив: 100 г путер или маргарин, 100 г чоколадо, 3 лажици какао, 3 лажици шеќер и 100 мл млеко

рецепт 3

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап со средна големина): 150 г млечно чоколадо, 150 г бело чоколадо и 250 г путер од кикирики




ПОСТАПКА за рецепт 1: нутелата малку омекнете ја, па во неја скршете четири јајца и добро промешајте за да се соединат. Потоа додајте го брашното (најдобро да биде просеано). Смесата излејте ја во калап за печење 38х25 см (обложен со хартија за печење) и рамномерно распоредете.




Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени. Проверете со чепкалка: кога ќе ја прободете во средина, таа треба да излезе сува. Кога бисквитот ќе подизлади, поделете го на две половини, па едната кора премачкајте ја со џем. Можете да одберете џем по вкус.




Преклопете со втората кора и одозгора прелијте со чоколадна глазура (чоколадото растопете го на тивок оган, на пареа или во микробранова печка и помешајте го со малку масло за да добие сјај). Целата постапка можете да ја погледнете ОВДЕ. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Во сад за матење ставете ги течните состојки: јогурт, џем, масло и шеќер, па убаво измиксајте за да се соединат. Потоа додајте брашно помешано со сода бикарбона, како и ореви и добро промешајте да се поврзат состојките, со миксер или жица.




Смесата излејте ја во плех 20х28 см обложен со хартија и печете во загреана рерна на 180 степени. Водете сметка да не ви се препече колачот, туку, штом започне да се одвојува од ѕидовите на плехот, готов е.




Додека се пече колачот, во помал сад на оган растопете го путерот, додајте шеќер, млеко, какао и чоколадо искршено на коцки. Штом колачот се испече, избоцкајте го со чепкалка за заби или со виљушка, па залијте го рамномерно со топлиот прелив. Наросете чоколадни трошки или мелени ореви и оставете добро да се олади пред послужување.




ПОСТАПКА за рецепт 3: На пареа или на тивок оган растопете го млечното чоколадо и путерот од кикирики. Помешајте ги состојките и излејте во плех обложен со хартија за печење. Растопете го и белото чоколадо и излејте го врз претходната смеса.




Со виљушка измешајте ги двете смеси така да добиете интересна шара од темно и светло чоколадо, како мраморен колач. Изладете го колачот најпрво на собна температура, па ставете го во замрзнувач за да се стегне, а потоа исечете го на убави коцки и чувајте го во фрижидер до послужување.