Брзи колачи, едноставни, а превкусни!
Потребни состојки: 200 г шеќер, 100 г чоколадо за готвење, 100 г маргарин/путер, 200 г кокос, 300 г мелени бисквити, 200 мл вода и 150 г еурокрем/нутела/или друг крем по вкус
Постапка: Во едно тенџере ставете го водата и шеќерот на оган, да зоврие неколку минути и да се растопи шеќерот. Потоа тргнете го од оган, па во топлиот сируп ставете го путерот исечен на тенки листови и чоколадото искршено на коцки.
Мешајте додека да се растопат и соединат со сирупо во мазна смеса. Потоа додадете мелени бисквити и 100 грама кокос, па добро промешајте за ја впијат течноста. Добиената смеса можете веднаш да ја работите, но може и да ја оставите некое време во фрижидер да се стегне.
Кинете мали топчиња од вкусната смеса, со дланките формирајте ги гнездата и валкајте ги во преостанатиот 100 г кокос. Со прстот правете мало вдлабнување во средината на секое гнездо. Филувајте ги со еурокрем или крем по важа желба.
Пред послужување можете да ги изладите и да ги наросите со шеќер во прав за дополнителен снежен ефект, но нема потреба. Многу се вкусни и декоративни.