За оваа торта ви се потребни многу малку состојки, а добивате слатко задоволство кое нема да ве остави рамнодушни. И најпребирливите ја обожаваат оваа торта. Многу е сочна, како да е правена во слаткарница од професионалци. Кога ќе го прочитате рецептот ќе се изненадите колку едноставно се прави.
Рецептот ми го откри сестра ми која секоја година ја подготвува оваа торта за Божиќ. Сега, таа не живее веќе овде, а мајка ми повторно ја побара, па јас сум на ред да ја направам. Еве што ви е потребно за да ја подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КАРАМЕЛ: 200 г шеќер, 300 мл топла неутрална хопла, 80 г путер, прстофат сол. За карамелата може да направите и половина смеса. ЗА БИСКВИТ: 110 г путер, 150 г шеќер, 2 јајца, 180 мл хопла, 180 г меко брашно, 30 г какао, 8 г прашок за печиво. И за глазура ќе ви биде потребно уште: 100 г чоколадо и неколку лешници или други јаткасти плодови.
ПОСТАПКА: Најпрво се подготвува карамелот, па се остава да се излади, додека се подготвува бисквитот. За подготовка на карамелот во еден сад ставете го шеќерот на рингла со умерена темоература и почекајте да се карамелизира. Со повремено мешање гответе го додека да стане течен.
Кога шеќерот ќе се карамелизира додајте ја топлата слатка павлака и мешајте додека да зоврие. Потоа додајте го путерот и прстофат сол, почекајте да се растопи, гответе уште неколку минути, па тргнете го садот настрана додека го подготвувате тестото.
ЗА БИСКВИТОТ: Во еден сад изматете го пенасто путерот со миксер. Путерот претходно треба да биде отстојан на собна температура. Кога ќе стане кремаст постепено почнете да го додавате шеќерот додека непрекинато матите со миксерот. Кога шеќерот ќе се растопи додајте ги јајцата и соединете ги во смесата.
На крајот се додаваат брашното, слатката павлака, какаото и прашокот за печиво. Целата смеса се соединува со миксер додека убаво да се соединат состојките и смесата да биде со слична конзистентност како онаа за палачинки или малку погуста.
Смесата се излева во правоаголен мал калап за печење со готварски шприц (или како ви е полесно) и рамномерно се распоредува. Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно 30 минути. Потоа се остава малку да се излади.
Колачот се вади од калапот и се става на решетка. Се прелива одозгора со карамелот, а во меѓувреме се прави глазурата од растопено чоколадо и ситно сечкани лешници. Може да користите и други јаткасти плодови. Тортата се премачкува со глазура и се става во фрижидер 1 час да се стегне. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.