Оваа чоколадната торта со овес може да ја направите во секое време бидејќи се подготвува за 40-тина минути, сосе печењето. Брзо се прави од здрави состојки и не содржи брашно, ниту шеќер.
Можете безгрижно да ја подготвувате додека сте на режим на исхрана. Едно парче од оваа торта не содржи многу калории, а истовремено многу заситува од растителните влакна кои ги содржи овесот.
Доколку имате една банана и две јајца, заедно со овесот, веднаш пригответе го вкусниот десерт. Ако тортата ја подготвувате за повеќе луѓе, соодветно зголемете ја количината на намирниците. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г овесни снегулки, 200 мл млеко (1 чаша), 2 јајца, 2 банани, 1 лажичка ванилин шеќер, 40 г какао, 1 лажичка прашок за печиво, ореви, чоколадо. За глазура: 100 г чоколадо, 40 мл млеко.
ПОСТАПКА: Млекото загрејте го на рингла, но не дозволувајте да зоврие. Овесните снегулки сипете ги во подлабок сад, па прелијте со врелото млеко. Промешајте и оставете да отстои 10 минути, додека овесните снегулки да набубрат.
Во посебен сад изматете ги јајцата пенасто со жица или маталка, а бананата испасирајте ја со виљушка за да добиете убаво мазно пире, без грутчиња. Додајте ја бананата во јајцата и добро измешајте, да нема грутчиња. Потоа, додајте го какаото и прашокот за печиво, сè добро измешајте, така што ќе добиете густа смеса без грутки. Најдобро е сѐ да измешате енергично за да може побрзо да се соедини смесата.
Добро изматете додека да се соединат сите состојки во еднолична смеса. Потоа додајте го набубрениот овес, па сето заедно измешајте го додека еднакво да се распореди. Соединете во хомогена смеса. По додавање на млекото, смесата ќе добие потечна конзистентност.
Добиената смеса излејте ја во огноотпорен сад, претходно подмачкан со масло и малку набрашнет. Излеаната смеса добро распоредете ја во садот (користете сад со помали димензии за колачот да излезе повисок). Наросете одозгора со крупно сечкани ореви и рендано чоколадо или чоколадни трошки. Може да ставите и микс од јатки како (ореви, бадеми, лешници…)
Се пече на 180°C приближно 20-25 минути, во зависност од големината на калапот. Подгответе ја глазурата така што ќе го стопите чоколадото со млекото на пареа или во микробранова печка, па прелијте врз колачот. Глазурата може да ја прелиете директно врз целата површина или да направите декоративни вкрстени линии со готварски шприц.
Тортата може веднаш да ја послужите со сечење на коцкести парчиња со големина по ваша желба. Од оваа количина на намирници излегуваат 6 парчиња со стандардна големина. Деталите погледнете ги ОВДЕ.