Да се направи домашна торта и притоа да биде вкусна и убаво да изгледа, мора да се признае – претставува вистински предизвик. Пред сè ова е макотрпна работа која бара време, а некогаш дури и два дена. Меѓутоа, ретко можеме да издвоите толку слободно време за приготвување на торта, па од тие причини ретко ги правиме.




За среќа постојат рецепти со чија помош може да се приготват фантастично вкусни десерти на многу лесен и едноставен начин и што е најважно, за многу кратко време. Овој рецепт ќе им одговара на сите љубители на чоколадото а кои немаат доволно време за да направат комплицирани деликатеси.




За само 20 минути ќе добиете совршена торта со нежен, деликатен вкус. Ќе се изненадите од брзината на нејзината подготовка, но и едноставноста. Оваа торта со леснотија ќе ја приготвувате секојпат кога од вас тоа ќе го побараат вашите најмили.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ОСНОВА: 250 г мелени плазма кекси и 100 г путер. За фил: 400 г нутела (еурокрем или некој друг лешников/чоколаден крем и 500 г маскарпоне (Филаделфија или некое други свежо крем сирење)




ПОСТАПКА: Путерот исечкајте го на коцки и додајте му една полна супена лажица нутела. Растопете во микробранова печка или на водена пареа, додека состојките да се изедначат.




Со оваа мешавина (чоколаден путер) прелијте ги мелените кекси. Добро промешајте за да се изедначат состојките и да добиете смеса со конзистенција на слична на влажен песок. Распоредете во обложен калап со мобичен обрач и ставете во фрижидер.




Крем сирењето во длабок сад за матење пенасто изматете го со миксер, а потоа лажица по лажица додајте го остатокот од нутелата (или еурокремот) и матете додека целосно да се изедначи смесата. Треба да добиете нежен, свиленкаст крем. Ставете го во фрижидер.




Извадете ја основата за торта од фрижидер (кексите со путер) и добро израмнете ја. Преку целата површина притиснете со дното на една чаша за да се стисне смесата (при сечењето да не се распаѓа, но сепак, не премногу силно).




Врз основата распоредете го кремот добиен од нутела и крем сирење, па израмнете ја површината. Оставете ја тортата во фрижидер малку да се стегне. Доволни се 20-тина минути до половина час.




„Рајската“ торта е готова и може да ја послужите. Одозгора можете да ја декорирате со чоколадна глазура, мелени лешници, мелени кекси, рендано чоколадо, а може да ја оставите и како што е. Изгледа одлично, но и вкусот е неверојатен. Комбинацијата од крем сирење и нутела навистина е заситен и неодолив.