Рецепт на Рада од каналот Радине Послатице. ЧОКОЛАДНА РОЛАДА СО РУМ: Толку е вкусно што ќе посакате веднаш да го направите. Брз и едноставен рецепт за чоколаден ролат. Има едноставен, но сепак неверојатен вкус, ќе уживате додека го подготвувате, а уште повеќе додека го јадете.




Потребни состојки: 6 жолчки, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 2 лажици мармалад од кајсии, снег пена од 6 белки. За крем: 200 г путер / маргарин, 150 г шеќер во прав, 100 г растопено чоколадо, 2 – 3 лажички рум. Други потребни состојки: околу 100 г мелени ореви. За глазура: 100 г чоколадо и 1 лажичка масло.




Подготовка на тестото: Во поголем сад се додаваат жолчките и шеќерот и се мати со миксер. Потоа додајте 2 лажички мармалад од кајсии или некој по ваш избор. Додајте го брашното и на крајот се додава изматен снег од 6 белки.




Се продолжува со матење до формирање на соединета маса. Се размешува уште малку со рачна маталка, а потоа се прелива во тепсија со хартија за печење, малку намастена. Не е важна големината на тепсијата.




Добро се измазнува и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 10 – 15 минути во зависност од рерната. Додека бисквитот е се уште топол, се префрла на даска за сечкање со хартија за печење. Се вади хартијата за печење и се остава да излади.




Подготовка на кремот: Во сад под миксер се мати путерот или маргаринот и шеќерот во прав. По соединување, додајте го претходно растопеното чоколадо со 1 лажичка масло и оставете малку да излади пред да го додадете во путерот и шеќерот во прав.




По соединување, додајте 2 – 3 лажички рум или по желба за подобрување на аромата. Повторно се меша со рачна маталка. Бисквитот се сече на правоаголници, па на коцки слично како на видеото, а неколку коцки се оставаат настрана за декорирање.




Другите коцки се ставаат во подлабок сад, а преку нив се прелива чоколадниот крем. Земете една проѕирна фолија, а во неа додајте ја чоколадната смеса со се кора. Малку развлечете и додајте ги во средина коцките од кората кои ги тргнавте настрана.




Завиткајте и формирајте ролат, па ставете да се стврне во фрижидер. По отстојување, премачкајте по желба со чоколадо и наросете мелени лешници, па сечете на помали ролатчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Ваквиот ролат има многу начини на декорирање и формирање на различни вкусови, така што можете да експериментирате.




II РЕЦЕПТ. Прекрасен чоколаден ролат, доколку сакате да подготвите нешто набрзина. Потребни состојки: 50 г шеќер во прав, 100 г маргарин / путер на собна температура, 1 кора обланда, 20 г темно чоколадо, 100 г мелени бисквити, 20 г сечкано кандирано овошје, 2 лажици сечкани ореви, 1 јајце, неколку капки екстракт од рум.




Постапка: Обландата ставете ја помеѓу две водени крпи, добро исцедени и оставете да омекне 15 – 20 минути. Во меѓувреме, пенасто изматете го јајцето со шеќерот во прав. Додајте го маргаринот и чоколадото, па смесата згответе ја на пареа до густина на пудинг.

Треба да бидете внимателни да не зоврие, бидејќи ќе се појават грутки. Кога смесата ќе добие густина на пудинг, тргнете од рингла и додајте неколку капки рум, мелени бисквити, сечканите ореви и сувото овошје.

Смесата премачкајте ја преку обландата, па со помош на долната крпа свиткајте го ролатот. Ролатот се става во алуминиумска фолија и се остава во фрижидер да отстои најмалку 3 часа. По изминатото време, се сечат парчиња со дебелина од 1 – 2 цм, па повторно се враќа во фрижидер во затворена кутија или покриено за да не се исуши кората.