Потребни состојки за биксвит од палента:

150 г инстант палента

4 јајца

200 мл густ јогурт

100 г шеќер

½ кесичка прашок за печиво

Прстофат сол

200 г чоколадо

100 г путер/маргарин

50 мл минерална вода

За прелив: 150 мл чоколадно млеко

За декорација:

50 г растопено бело чоколадо

2 лажици слатка

100 г чоколадни топчиња

Постапка:

Растопете го чоколадото и путерот па оставете да се излади. Палентата прелијте ја со минерална вода и јогурт, измешајте и оставете.

Раздвојте ги жолчките од белките. Од белките изматете цврст снег.

На жолчките додадете им шеќер, пенасто изматете ги, измешајте ја смесата од палента, растопеното млако чоколадо, прашокот за печиво и на крај постепено додадете ја пената од снег.

Смесата истурете ја во тркалезен калап за торта (24 см) обложен со хартија. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20-25 минути. Проверете со чепкалка.
Печениот бисквит извадете го од калап, тргнете ја хартијата, избодете со чепкалка на повеќе места.

Прелијте со чоколадно млеко. По желба украсете со чоколадни топчиња и растопено бело чоколадо во слатка павлака.

Оставете во фрижидер да отстои најмалку 1-2 часа.