Фото и рецепт: Елена Н.Цветковиќ
Потребни состојки:
400 г чоколадна или мешана таан алва
150 г шеќер
250 мл млеко
150 г путер/маргарин
200 г чоколадо
за глазура:
100 г чоколадо
100 мл слатка павлака
Постапка:
Во еден сад на оган се става прво млекото со шеќерот да се растопи. Потоа се додава и путерот, се меша додека и тој да се растопи.
Алвата се сечка на коцки, па и таа се додава и се меша додека да се растопи. На крај ситно се дроби чоколадото и тоа се додава и се меша додека целата смеса да се растопи и соедини.
Кога убаво ќе се соедини, се мачкаат обландите една врз друга.
Одозгора се става нешто тешко врз нив, но не премногу тешко и се остава во фрижидер да излади и да се стегне.
Се растопува 100 г чоколадо со 100 мл хопла (течна слатка павлака) и се прелива одозгора, па се враќа повторно во фрижидер да се стегне.
Фото и рецепт: Елена Н.Цветковиќ