Лесен и мек чоколаден куглоф кој за 5 минути се меша, се излева и се става на печење. Омилен ни е дома, а тоа е затоа што има неверојатен вкус на брауни колачињата кои се многу меки. Еве што ви е потребно за да го подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 140 г шеќер, 130 мл масло, 300 мл бадемово млеко, 300 г меко бело брашно, прстофат сол, 2 големи лажици какао без шеќер, 16 г прашок за печиво, 1 голема лажица оцет. ЗА ГЛАЗУРА: 60 г чоколадо, 50 мл млеко, ситно сечкани бадеми за декорација.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете го шеќерот, наросете со прстофат сол и додајте 300 мл бадемово млеко (поздрава варијанта). Започнете да матите со миксер сосем лесно додека да се соединат состојките.




Потоа додајте го маслото, промешајте уште малку со миксерот, па постепено додавајте го брашното, заедно со какаото и прашокот за печиво. Изматете додека да се направи фина и еднолична смеса која нема остатоци од грутки од брашното.




На крајот додајте 1 голема лажица оцет и измешајте лесно со шпатула. Во соодветен капак намастете со малку масло и излејте ја смесата која што треба да се пече. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути со повремено проверување.




Настрана растопете чоколадо со малку млеко и кога куглофот ќе биде готов, префрлете го на тацна, а одозгора прелијте го со чоколадната глазура. Декорирајте со ситно сечкани бадеми. Ако сакате куглофот да биде поосвежителен, тогаш подгответе го јаболка, на следниот начин:




Потребни состојки: 4 големи киселкасти јаболка, 1 чаша шеќер, 1 ванилин шеќер, рендана кора од лимон, 1 чаша сечкано суво овошје по ваш избор, 1 чаша сечкани ореви или други јаткасти плодови, 1 чаша измиено и натопено суво грозје, зачини по желба (цимет, ѓумбир, кардамом…).

Уште ќе ви бидат потребни: 2 јајца, 1 прашок за печиво, 1,5 чаша брашно. За мерење се користи чаша од 200 мл. Постапка: Јаболката убаво измијте ги, излупете ги, па ситно исечкајте ги на коцкички. Наросете ги со чаша шеќер, додадете лимонова кора и ванилин шеќер.




Убаво промешајте за да се соединат состојките и оставете ја смесата на страна да отстои малку. По неколку минути додадете ги пенасто изматените јајца со една чаша шеќер (доволно да се измати додека да побелат јајцата) и остатокот од состојките што претходно се наведени.




Добро промешајте за да добиете убаво изедначена смеса (промешајте со превртување со помош на лажица) па излејте ја во намастен куглоф или друг калап по ваш избор. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45-50 минути или проверете со чепкалка кога е готово.




Печениот колач кога ќе излади одозгора наросете го со шеќер во прав или прелијте го со чоколадна глазура и уживајте во вкусот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.