Овој колач се приготвува за многу кратко време и постојат повеќе варијанти.
Уште е познат и под името: БРЗ КОЛАЧ ОД ГРИЗ и се’ помалку.

Кога дома од приготвување на некој колач ќе ви остане од се’ по малку, шака ова или она, едно јајце… изматете и промешајте се’ во еден баш сочен колач. Наместо јаболка може да се употребат круши, наместо ореви, лешници и бадеми, сувото грозје исто така може да биде интересен додаток.

Состојки за плех 30х20 или приближни димензии:

250 г гриз

150 г мелени ореви

250 г шеќер кристал

100 мл масло

100 мл млеко

2 јајца

2 јаболка

1 прашок за печиво

Постапка:

Изматете ги јајцата со шеќерот па додадете масло и млеко и повторно промешајте, не е потребно да миксате, доволна е само жица за матење. Потоа додадете гриз, ореви, прашок за печиво и рендани јаболка. Сето промешајте и оставете да отстои додека рерната да се загрее на 200 степени. Во плехот ставете хартија за печење па излејте ја смесата.

Протресете го плехот и ставете да се пече, намалете на 180 степени и печете околу 30 минути. Печениот колач озладете го па прелијте со глазура од 100 г чоколадо и 2 лажици масло кои се растопуваат на пареа или во микробранова печка на средна температура загревајќи по 15 секунди се додека не се растопи целосно.

Прелијте го колачот и израмнете. Послужете штом се излади, а може и млако ако ви се јаде баш нешто слатко, одличен е и ваков!