За само 20 минути ќе добиете совршена кремаста торта со деликатен вкус. Пробајте, нема да се покаете.
Потребни состојки:
250 г мелени плазма кекси
100 г путер
400 г нутела или друг лешников крем
500 г крем сирење (филаделфија, маскарпоне..)
Постапка:
Соединете го путерот со една лажица Нутела, па растопете го на пареа или во микробранова печка.
Со оваа мешавина прелијте го мелениот кекс. Убаво промешајте за да добиете изедначен смеса. Ставете ја во фрижидер за да излади (полесно се обликува).
Остатокот од Нутела измешајте го со крем сирењето со помош на миксер. Убаво изматете додека да се добие фин, мазен крем. Добиената смеса, исто така ставете ја во фрижидер.
Основата за торта извадете ја од фрижидер и рамномерно распоредете ја на дното од калапот за торти. Добро израмнете користејќи чаша.
Одозгора нанесете ја смесата од сирење и чоколаден крем, рамномерно распоредувајќи го врз основата.
Оставете ја тортата во фрижидер уште 20-тина минути за да се соединат состојките. Потоа уживајте.
Coolinarika.com