Превкусен брз колач кој се пече во микробранова печка само 6 минути. Доколку немате таква можност, тогаш се пече во обична рерна на 180 степени околу половина час до 40 минути. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото под пишаниот рецепт.
Потребни состојки: 220 г брашно, 30 г какао, 10 г прашок за печиво, 130 г шеќер, 100 мл масло, 300 мл топла вода, калап 16х26 см. За глазура: 150 г чоколадо, 3-4 лажици масло +малку сечкани лешници/ ореви/кикирики по вкус
Постапка: Просејте ги брашното, какото и прашокот за печиво. Додадете 130 г шеќер и промешајте за да се изедначат сувите состојки. Во мешавината додадете 100 мл масло, 300 мл топла вода и уште еднаш промешајте со жица за да се изедначат состојките.
Ќе добиете мазна и сјајна чоколадна смеса. Во неметален сад со димензии 16х26 см претходно обложен со хартија за печење, излејте ја добиената смеса и рамномерно распоредете ја. Ставете да се испече во микробранова печка 3 минути. Ако немате микробранова печка, тогаш печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.
Кога ќе изминат 3 минути, извадете го колачот од микробрановата печка, но ќе забележите дека не е целосно готов, па вратете го на уште 3 минути. Проверете со чепкалка кога е готов. Печениот колач оставете го 4-5 минути да излади, а потоа превртете го врз чинија за послужување и отстранете ја хартијата за печење.
Чоколадна глазура: 150 г чоколадо и 3-4 супени лажици масло растопете на тивок оган или во микробранова печка. Додадете малку сечкани ореви или лешници или кикирики по желба и промешајте. Прелијте го колачот одозгора, па оставете го во фрижидер да излади и да се стегне. Деталите можете да ги погледнете во видеото: