Малкумина можат да одолеат на ваков убаво сервиран десерт во чаша, поубав од слаткарница.
Пробајте го овој рецепт за домашно, чоколадно парфе.
Потребни состојки:
5 јајца
200 г шеќер
200 г чоколадо за готвење
500 мл млеко
300 мл шлаг
Постапка:
Јајцата со шеќерот добро изматете ги со миксер. Додадете чоколадо и ладно млеко, па ставете на тивок оган. Мешајте постојано додека да згусне. Тргнете од оган и оставете добро да излади.
Во изладениот крем додадете изматен шлаг. Добро промешајте. Готовиот десерт сервирајте го по желба, во интересни чаши. Парфето декорирајте го со чоколадо или шлаг.