I РЕЦЕПТ – Сочен и кремаст колач со гриз кој не се пече. Вкусен колач без печење. Потребни состојки: 600 мл млеко, 6 лажица пченичен гриз, 5-6 лажици шеќер, 2 лажици какао во прав, 2 реда чоколадо за готвење (20-тина грама) и малку арома од рум, по желба.
За крем: 1 пудинг од ванила, 250 мл млеко (за пудингот), 3 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 80 г крем шлаг со вкус на ванила, 200 мл млеко +- за шлаг и какао за украсување (не е задолжително)
Постапка: Прво сварете го пудингот во 250 мл млеко со 3 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер, според упатството на кесичката. Сварениот пудинг префрлете го во друг сад и промешувајте повремено за да не фати коричка. Ќе биде многу густ, но така треба.
Во еден сад измешајте гриз, какао и шеќер со малку млеко. Во шерпата ставете го остатокот од млекото и ставете на оган, па кога ќе зоврие додадете го гризот и мешајте додека да згусне. Тргнете од оган, па додадете го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи.
Потоа додадете рум, промешајте и добиената смеса излијте ја во мокра тепсија или калап 30х18 см. Доколку ви се брза, земете поголема тепсија со ладна вода па тука ставете го садот со гриз за побрзо да излади. Шлагот изматете го со млеко, според упатството.
Подобро е да биде погуст, отколку поредок. Затоа и се користи шлаг крем а не шлаг пена. Досега би требало пудингот да излади, само малку изматете го со миксер за да биде покремаст. Во пудингот додадете неколку лажици шлаг и добро изматете со шпатула, за да се разреди смесата.
Потоа додадете го и остатокот од шлагот и нежно измешајте го шлагот, изедначете. Добиениот крем распоредете го преку изладената подлога од гриз и израмнете Колачот добро изладете го, барем 4 часа, па сечете на коцки и украсете со какао и рендано чоколадо. / coolinarika.com
II РЕЦЕПТ – Сочен, кремаст и евтин колач кој од прв залак ќе ви се допадне. Потребни состојки за кора: 3 јајца, 200 мл јогурт, 80 мл масло, 150 г гриз или 7 лажици, 3 лажици брашно, 1 лажиче прашок за печиво, 1 ванилин шеќер или екстракт од ванила
За сируп: 250 мл сок од портокал, 250 мл вода, 200 г шеќер или 13 лажици. За фил: 1 литар млеко, 3 лажици брашно, 3 лажици густин, 3 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер.
Уште ќе ви биде потребно: плех со димензии 22х28 или со приближни димензии. Бисквитот печете го 15 минути на 200 степени (проверете со чепкалка). Врелиот бисквит се прелива со ладен сируп. Деталите околу постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.
III РЕЦЕПТ – Јогуртна торта со бисквити, без печење – за 15 минути готова. Брза и вкусна торта со јогурт, од неколку состојки, готова е многу кратко време. Потребни состојки: 500 мл јогурт, 200 г шеќер, 400 г бисквити, 1 ванилин шеќер, 2 банани.
За украсување: 1 шлаг, чоколадни трошки или нешто по ваш избор. Постапка: Во еден поголем сад искршете ги бисквитите со раце, како ќе ви дојде, на крупно, па додадете го шеќерот, јогуртот и ванилиниот шеќер, Заедно измешајте ги добро состојките, за да можат бисквитите да го впијат јогуртот.
Обложете калап со алуминиумска фолија и убаво распоредете ја смесата да нема празнини. Оставете во фрижидер да се стегне. Извадете ја тортата од калап заедно со фолијата, наредете банани пресечени по должина и одозгора декорирајте со шлаг и чоколадни трошки. Многу брзо, многу вкусно, многу едноставно….
IV РЕЦЕПТ – Колач со кокос, без јаца, многу е сочен и вкусен, а што е најдобро – ептен брзо се прави, се меша со лажица. Фотографија и рецепт на Агица. Сочен колач со кокос, без јајца, без путер, дури ни миксер не треба! Рецептот го пронајдов на интернет, а она што најмногу ме привлече, освен состојките – е неговата брзина на приготвување.
Потребни состојки: чаша од 200 мл, 2 чаши јогурт, 1 чаша шеќер, 1 чаша кокосово брашно, 1 чаша пченичен гриз, 1 прашок за печиво. Прелив за кора: 300 мл вода, 4 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер. Фил:1 литар млеко, 3 пудинг од ванила, шеќер по вкус, шлаг или слатка павлака
Постапка: Прво сварете го преливот, ставете вода со шеќер на оган, да се растопи шеќерот, па оставете да излади. Кора: сите состојки по ред изматете ги со обична маталка или лажица, да се соединат, па смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех 21х30 и ставете во претходно загреана рерна, на 180 степени, околу 20 минути.
Додека се пече кората, сварете го пудингот во млеко, ставете шеќер по вкус.
Топлата кора веднаш по вадењето од рерна, прелијте ја со изладениот прелив, почекајте неколку минути да впие, па прелијте го топлиот пудинг врз кората.
Кога колачот ќе излади изматете шлаг или слатка павлака и премачкајте одозгора.
Овој колач се прави за половина час, многу е вкусен и практичен, бидејќи секогаш можете да ги менувате пудинзите по желба и секојпат да добиете нов колач. / Фотографија и рецепт на Агица