Вкусни, брзи, убави….
Потребни состојки: 200 г брашно, 85 г путер, 75 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 јајце, ½ лажичка прашок за печиво, 160 г сечкано чоколадо и 4 лажици рум
Постапка: Пенасто изматете го путерот заедно со шеќер и ванилин шеќер. Додадете рум, па јајце и продолжете со матење. Потоа додадете брашно кое претходно сте го помешале со прашок за печиво. Промешајте убаво за да се соединат состојкиет. Додадете сечкано чоколадо, но него промешајте го со лажица.
Со раце обликувајте топчиња со величина на орев и редете ги во плех обложен со хартија. Топчињата редете ги на одредено растојание бидејќи при печењето малку ќе нараснат.
Печете во претходно загреана рерна на 200 степени додека да бидат готови, околу 15 минути.
Се послужуваат топли или ладни, како сакате, но бидете сигурни дека брзо ќе се изедат. Од оваа смеса добивате 30 чајни колачиња.
Јас користев чоколадо за готвење, но вие можете да го користите вашето омилено чоколадо, на пример чоколадо кое содржи лешници, млечно или какво и да сакате.