Доколку имате тенка и ретка коса, како и проблем со опаѓање, овој чај за нега на косата може да ви помогне. Станува збор за спреј за коса кој можете сами да го направите од само 3 билки, а главната ѕвезда е копривата – растение кое со векови се користи за нега на коса.
![]()
![]()
![]()
![]()
Едно поголемо тенџере наполнете го со четири чаши дестилирана вода, па ставете го на оган да се загрева на умерена температура. Кога ќе зоврие додајте две супени лажици суво каранфилче и две супени лажици сува коприва.
![]()
![]()
![]()
![]()
Намалете ја топлината на минимум и варете околу 20 минути под подотворен капак. Добиениот чај процедете го и додека сè уште е топол додајте во него една супена лажица рузмарин и оставете да отстои поклопено преку цела ноќ.
![]()
![]()
![]()
![]()
Следниот ден повторно процедете го чајот и складирајте го во шише со распрскувач, а потоа со добиениот спреј испрскајте ја на косата по миењето и добро втријте во скалпот, пишува НМД. Маcажата треба да нeжна и да се прави со помош од јагодиците на прстите.
![]()
![]()
![]()
![]()
Зошто овие 3 билки? Каранфилчето ја cтимyлира циркулацијата на cкалпот, го cтимyлира растот на косата и ја зајакнува. Копривата го намалува опаѓањето на косата, го cтимулиpа растот на нова коса.
![]()
![]()
![]()
![]()
Ова растение содржи силициум и сулфур кои ја прават косата сјајна и поздрава. Рузмаринот е растение кое особено им се препорачува на луѓето со тенка и ретка коса, бидејќи го поттикнува и растот. Направете го шампонот од коприва кој со сигурност ќе го спречи опаѓањето на косата:




Потребни состојки: шампон од коприва (обичен, литарски), пантенол 100 мл (воден раствор), капки од коприва 30 мл (едно шишенце), АД капки, 30 мл воден раствор (едно шишенце), рицинус масло 50 мл, 2 ампули витамин Б. *сите состојки се купуваат во аптека.
![]()
![]()
![]()
![]()
Постапка: во 750 мл шампон од коприва измешајте цело шишенце пантенол 100 мл, цело шишенце капки од коприва 30 мл, цело шишенце АД капки и рицинусово масло. Промешајте. Како делува овој шампон: Верувале или не, овој шампон е вистинска витаминска бомба за вашата кожа на главата, а со самото тоа и за вашата коса.
![]()
![]()
![]()
![]()
Коприва: Ја забрзува периферната циркулација и исхранетоста на кожата од главата и ги забрзува метаболитичките процеси во внатрешноста на епидермот. Со самото тоа, сите останати состојки од овој шампон побрзо и поквалитетно ќе се апсорбираат.
Пантенол: Пантотенската киселина (витамин Б5) делува врз сочувувањето на правилната функција на кожата на главата и стимулација на нејзините регенеративни процеси.
Рицинисуво масло: Ги јакне кутикулите на влакното. Богато е со витамин Е и рицинолеинска киселина. Витаминот Е е значаен антиоксиданс и го спречува дејството на слободните радикали и нивните штетни влијанија на кожата од главата и коренот на косата.
![]()
![]()
![]()
![]()
Рицинусот покрај регенеративните својства делува антифугицидно (уништува габички кои се одговорни за појава на првут).
На кожата од скалпот делува заштитно, смирувачки и закрепнувачки, додека со својата густа и леплива конзистенција ги отстранува изумрените клетки од кожата на главата а со тоа се спречува и затнување на фоликулите што би влијаело врз успорен раст.
![]()
![]()
![]()
![]()
АД капки: Витаминот А делува на различни физиолошки функции во човековиот организам, она што е значајно за косата е неговото регенеративно дејство врз скалпот на главата, т.е. диференцијација на епителното ткиво.
Витамин Б комплекс: Ја исхранува косата и ја враќа цврстината на влакното.











