Лековитите својства на црвената детелина се одамна познати. Искористете ја оваа билка на најдобриот начин, пригответе чај, тинктура или сируп.
Црвената детелина најмногу им помага на жените кои имаат проблем со хормонален дисбаланс, што се случува во менопаузата и предменструалниот период. За нејзиното лековито дејство се задлужни изофлавоните, фитоестрогени кои имаат слично дејство со естрогените, полови хормони кои играат важна улога во организмот на жената.
Непријатните симптоми како што се врели бранови, потење, несоница, нервоза, раздразливост, хроничен умор и по некое време и остеопороза, се последица токму на намаленото лачење на естрогенот.
Од цветовите на црвената детелина се приготвуваат чај и тинктура, кои се особено ефикасни за чистење на крвта и лимфата, а се препорачуваат за редовна годишна детоксикација на организмот.
Црвената детелина го јакне имунолошкиот систем и помага за лекување на дигестивни проблеми, го подобрува апетитот а воедно спречува опстипација и подување на стомакот.
ПРОТИВ ГАБИЧНИ ИНФЕКЦИИ
Една шака црвена детелина прелијте со 200 мл зовриена вода и варете додека половина од течноста да испари. Оставете поклопено малку да излади. Нанесете процедено на измиени стапала и оставете да делува најмалку 30 минути. Постапката се повторува најмалку 10 дена.
ЧИСТЕЊЕ НА КРВТА И ЛИМФАТА И СЛАБЕЕЊЕ – 20 КГ ЗА 3 МЕСЕЦИ
Измешајте 15 г свежа црвена детелина, 5 г свеж лист од малина, 5 г свеж кантарион, па сето прелијте со 250 мл зовриена вода и оставете поклопено 10-тина минути. Пијте 2-3 шолји на ден, во текот на 14 дена.
Напомена: Бремените и доилките треба да ја одбегнуваат црвената детелина, а исто и жените кои имаат рак на дојка или се во фаза на закрепнување после операција од тоа малигно заболување.
СИРУП за растворање
4 шолји свежо набрани цветови од црвена детелина
4 шолји вода
4 шолји шеќер
Водата и цветовите ставете ги на оган. Оставете да се варат на умерена температура 15-20 минути. Исклучете, поклопете и оставете да отстои преку ноќ. Наутро процедете го чајот и убаво истискајте ги цветовите.
Додадете шеќер, па повторно ставете на тивок оган да се вари полека додека да се претвори во сируп, како течен мед. Складирајте во топли шишиња или тегли и стерилизирајте ги или чувајте ги во фрижидер. Се пие како сок со ¼ сируп и ¾ вода.
ЧАЈ ОД СУВ ЦВЕТ
Прелијте супена лажица сув цвет од црвена детелина со 250 мл врела вода и оставете поклопено 30 минути. Процедете и пијте 2-3 шолји дневно.
РЕЦЕПТ ЗА ТИНКТУРА
Наполнете стаклена тегла со свежо набрани цветови од црвена детелина, а потоа прелијте со квалитетна домашна ракија, еден-два прста над нив. Теглата добро затворете ја и оставете ја на топло и светло место да отстои во следните 40 дена, со повремено протресување (не на директна сончева светлина, може да пукне теглата).
Потоа процедете и складирајте во стаклено шише, па 3 пати дневно консумирајте по 20 капки тинктура помешани со малку вода.
ЗА ВОСПАЛЕНО ГРЛО
Измешајте еднакви делови од црвена детелина, камилица и жалфија, па две лажици од мешавината прелијте со 500 мл зовриена вода и оставете поклопено да отстои половина час. Процедете и користете за гаргарење и испирање на грлото, повеќепати во текот на денот.
РЕЦЕПТ ЗА ДЕТОКС
Измешајте еднакви делови коњско опавче, цвет од бозел, цввена детелина и лист од бреза, па лажица од мешавината прелијте со 200 мл зовриена вода и оставете поклопено да отстои половина час. Процедете и пијте по 2-3 шолји во текот на следните десет дена.