Без разлика дали е зима или лето, секогаш е добро да се пијат чаеви. Особено кога немаме енергија или кога ни студи, размислуваме како да се „подигнеме“ или згрееме со некој ароматичен напиток од билки.
Наесен секогаш треба да размислуваме за набавка на лековити билки и неколку тегли мед, за да можеме подготвени да ја пречекаме зимата и сезонските вируси.
Се разбира, богатството од билки на нашата географска ширина ни дава можност не само да се загреваме со помош на чаеви, туку и да се лекуваме од разни болести.
Смоквите се исклучително корисно и вкусно овошје, но малкумина знаат дека лисјата на смоквата имаат свои придобивки за организмот. Напитокот од смоква се препорачува за луѓе со астма, и кои стра-даат од дијабетес.
Лисјата од смоква се препорачуваат за луѓе кои имаат проблем со белите дробови, како и за оние кои стра-даат од чир на желудник.
Покрај тоа, напитокот од листови од смоква го намалува шеќерот во кр-вта и го намалува нивото на лошиот холестерол, се наведува во спроведените истражувања. Лисјата може да се користат и надворешно – за лекување на чирови и калус (тврдо м есо) на стапалото.
Неколку интересни совети
Еве еден рецепт за подготовка на магичен чај од смоквин, кој може да се користи за проблеми со дијабетес, за луѓе кои имаат бронхитис, како и астматичари. За напитокот ви се потребни: еден литар вода и не повеќе од 3 добро измиени лисја од смоква.
Ставете ги лисјата во ладна вода и вклучете ја ринглата – смесата треба да се готви 15 минути, а потоа тргнете го садот од оган. Процедете го напитокот и пијте два или трипати во текот на денот.
Особено популарен лек за чир на желудник е џвакање на млади смоквини листови, а според некои извори – лисјата се природен антиоксиданс и помагаат при сла-беење.
Што се однесува до третманот на чирови, лисјата се поставуваат надворешно, како облога. Претходно добро е убаво да се омекнат за да ги испуштат соковите.
Корисните својства на лисјата од смоква се користат и кај затнати крвни садови – болест која е популарно позната како Биергер. Оние кои стра-даат од висок кр-вен притисок можат да се потпрат и на чајот од овие лисја.