Искористете ги листовите од смоква за да го опоравите целото тело. Доколку боледувате од дијабетес, чир на желудник, бронхитис или мака мачите со висок крвен притисок, чајот приготвен од смоквин лист може да биде вистински спас. Листовите од смоква изобилуваат со антиоксиданти и влакна. Меѓу другото содржат витамини А, Б1 и Б2, како и минералите калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум.
Иако плодовите не им се препорачуваат на дијабетичарите поради високото ниво на шеќер, смоквиниот лист е многу здрав и корисен токму за оваа група луѓе, бидејќи помага во регулација на нивото на шеќер во крвта. Добра вест е дека со консумирање на чајот приготвен од смоквин лист може да се превенира дијабетесот и да се зголеми сензитивноста на инсулин.
Смоквините листови особено се препорачуваат за тегоби со уринарниот и дигестивниот тракт. Нивната консумација помага при намалување на високиот крвен притисок и нивото на триглицериди во крвта, со што овозможува дополнителна заштита на срцето и крвните садови.
Иако одредено ниво на триглицериди е нужно за добро здравје, вишокот триглицериди во организмот значително го зголемува ризикот од дебелина и срцеви заболувања. Sокму смоквиниот лист помага во намалување и регулација на триглицеридите во крвта.
Бенефити од смоквиниот лист: го регулира нивото на шеќерот во крвта, помага при слабеење, го стабилизира крвниот притисок, ги намалува триглицеридите, ги јакне коските, помага кај кожни заболувања, помага кај анемија, ублажува тегоби со чир на желудник, спречува опстипација, го унапредува здравјето на срцето и крвните садови, помага кај афти
Како лек се користат листовите о зелената и црната смоква, подеднакво се добри. Освен што од нив можете да приготвувате чај, листовите може да се џвакаат и свежи, што е одлично за чир на желудник.
СУШЕЊЕ НА СМОКВИН ЛИСТ- Доцна напролет, лето или есен може да се берат листовите од смоква. Одберете здрави и цели смоквини листови, откинете ги и наредете ги убаво распоредени врз чиста површина на која ќе ги сушите.
Се сушат на сенка, на темно и проветно место. Дека се суви листовите, ќе забележите по тоа што се ронат на допир. За побрзо да ги исушите, можете пред сушењето да ги искинете на помали парчиња. Кога се убаво исушени, смоквините листови издробете ги и складирајте ги во стаклена тегла со капак.
ЧАЈ ОД СМОКВИН ЛИСТ – Во здравствени цели, чајот од смоквин лист се препорачува да се пие околу еден месец секојдневно, а потоа да се направи пауза од неколку седмици за да може повторната консумација да има подеднакво силно дејство како и првиот пат.
ПОМОШ КАЈ ДИЈАБЕТЕС – Две лажички суви и издробени смоквини листови прелијте ги со 200 мл зовриена вода. Покријте и оставете да отстои 10-15 минути. потоа процедете. Секое утро испијте по една чаша чај со појадокот.
ПОМОШ ПРИ ЧИР НА ЖЕЛУДНИК И АФТИ ВО УСНАТА ШУПЛИНА – Секој ден добро соџвакајте по 2 нежни смоквини листови, па проголтајте ги. Освен што помага кај чир, ќе го освежи вашиот здив и ќе ги ублажи непријатните афти.
ПОМОШ КАЈ БРОНХИТИС – Сварете 3 смоквини листови во вода со малку интегрален шеќер, па испијте ја течноста. Освен кај дијабетес, чир, афти и бронхитис, чајот се препорачува да се пие и за подобро здравје на срцето, намалување на високиот крвен притисок, како помош во лекувањето на карцином и анемија.