Со долготрајна употреба делува и врз регулирање на високиот крвен притисок.

Оревите често ги консумираме во исхраната како закуска или како дел од рецептите за колачи, можеби несвесни за тоа колку се добри за нашето кардиоваскуларно здравје.

Но, освен вкусните плодови, можеме да ги искористиме и малите “прегради” кои се наоѓаат помеѓу јатката во внатрешноста на лушпата, и тоа на еден феноменален начин.

Имено, чајот од оревови прегради одлично делува против затнати артерии, сите срцеви болести и кај температура предизвикана од срцеви проблеми, а особено им се препорачува на пушачите.

Ова е рецептот за подготовка на чај од оревови прегради:

Потребни состојки:

4-5 оревови прегради

300 мл вода

Постапка:

Преградите потопете ги во вода и оставете ги да отстојат преку цела ноќ. Наутро сварете ги, па кога ќе зоврие тргнете го садот од оган, поклопете и оставете да излади. Потоа процедете.

Консумирање:

Чајот малку загрејте го да биде топол, па испијте го на празен стомак, во голтки. Се пие само еднаш дневно, секој ден континуирано.

Кога се пие редовно, делува и кај регулирање на високиот крвен притисок.