Овој неверојатен чај кој лекува преку 50 болести се состои од дури пет состојки, а тоа се куркума, ѓумбир, цимет, кардамом и мед. Благотворно делува врз целиот организам.
КУРКУМАТА е доста популарна намирница поради нејзините лековити својства. Куркуминот ги намалува воспалителните процеси во телото, се бори против ракот и му помага на срцето во сочувувањето на здравјето.
ЃУМБИРОТ ги ублажува мигрените и мачнините, па поради тоа се препорачува да се консумира во кандирана форма на секое патување. Исто така поседува импресивни лековити својства, антиинфламаторни и антивирални, а помага и во борбата против ракот, особено во комбинација со медот.
Ја поттикнува и подобрува циркулацијата, го зголемува метаболизмот, па од тие причини, честопати е дел и од рестриктивните диети како тригер и стимулатор за согорување на вишокот масти во телото.
ЦИМЕТОТ е зачин кој има својство да го регулира шеќерот, а лекува и вирусни инфекции како настинка, грип и кашлица. Честопати се препорачува во вид на чај за сите што имаат зголемено ниво на шеќер, за оние што се на диета, а во комбинација со мед се препорачува за зајакнување на имунитетот и одбрана од болести.
КАРДАМОМ е зачин кој се одличува со едно специфично својство, а тоа е спречување на создавање на тромбови во кр-вните садови. Тој е популарен зачин кој го одржува здравјето на кр-вните садови, ја поттикнува циркулацијата на крвта и ги чисти бубрезите од песок и ситни каменчиња. Не смеат да го консумираат во поголеми дози оние што веќе користат лекови за разредување на кр-вта.
МЕДОТ е намирница која се нарекува – најздравата храна на планетата. Освен што изобилува со единствени и природни ензими кои веднаш овозможуваат лесно тој да се разгради и апсорбира во организмот, тој исто така, на сите продукти им дава одличен вкус и служи како конзерванс.
Претставува најдобриот природен извор на енергија, бидејќи изобилува со мноштво хранливи состојки, минерали и витамини, па го јакне имунитетот и ја зголемува отпорниста на организмот.
За да го приготвите овој неверојатно лековит чај, топол напиток кој лекува преку 50 болести, ќе ви бидат потребни следните состојки: половина лажичка ѓумбир, половина лажичка цимет, еден прстофат (или една шестина од лажичката) куркума во прав, еден помал прстофат кардамом, 500 мл вода и 1 лажица мед.
Постапка: Во едно тенџере ставете половина литар вода на умерена температура. Кога ќе зоврие водата, намалете го малку огнот, па додадете го ѓумбирот и циметот. Потоа додадете куркума, кардамом и промешајте.
Во смесата може да додадете и 2-3 капки маслиново или кокосово масло. Оставете да се вари на тивко и под капак околу 5-10 минути. Потоа тргнете го тенџерето од топлата рингла, но оставете го и натаму да се лади под капак во период од 10-тина минути.
После тој период процедете го чајот доколку сакате (не мора), па засладете го со мед. Пијте го овој чај секое утро за да бидете витки и здрави, полни со енергија. Најдобро е да се пие топол чајот, не премногу врел, на температура од приближно 38 степени.