Gps Tracker Vs Dash Cam Which Location Device Is Right For You
Gps Tracking Units For Cars Phone App Compatibility Matters
J J Vaccine And Joint Pain Differentiating It From Arthritis
Easing Wrist Pain With Exercise A Daily Routine
Does Castor Oil Treat Toenail Fungus Comparing Treatments
Later Stages Of Toenail Fungus What To Expect How To Care
Blessful Sleep Gummies From Power Gummies Shorts Urbanlife Powergummies
Are Pure Earth Cbd Gummies Safe For Longterm Use
White Private Label Cbd Manufacturing For Gummies Oils Edibles More
cbd-gummies-shop-laurel-md-20707-shorts
Cbd Cbn Thc Sleep Gummies 72561674
How To Incorporate Rejuvenate Cbd Gummies Into Your Routine
Weight Watchers Chicken Fried Rice Recipe
Phenocal Review Sequence Weight Loss Reviews Reddit
Longjack Testosterone Booster Cortisol Killer Vital Whole Human
Bliss Bites Cbd Gummies 300mg Reviews Benefits And Where To Buy
Tips And Variations For Making Cbd Gummies
Homemade Mounjaro Recipe Easy 4ingredient Weight Loss Drink
Dexamphetamine And Weight Loss A Realistic Approach To Diet Adherence
погача Archives - НМД https://nmd.mk/category/pogacha/ Сè за здравјето Wed, 03 Jun 2026 11:16:28 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.0.8 https://nmd.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-logo-nmd-favikon-32x32.png погача Archives - НМД https://nmd.mk/category/pogacha/ 32 32 Тесто што расте како балон: Погача со суво грозје што се кине на конци и останува мека со денови https://nmd.mk/pogaca-so-suvo-grozje/ https://nmd.mk/pogaca-so-suvo-grozje/#respond Wed, 03 Jun 2026 11:16:28 +0000 https://nmd.mk/?p=168962

ПОГАЧА СО СУВО ГРОЗЈЕ ШТО СЕ КИНЕ НА КОНЦИ: Меко и воздушесто тесто кое расте како балон Ако сакате домашни печива со мека и влакнеста структура што буквално се кинат на конци, оваа погача со суво грозје е вистинскиот избор. Тестото е лесно за подготовка, убаво нараснува при печењето и добива нежна внатрешност и златна […]

The post Тесто што расте како балон: Погача со суво грозје што се кине на конци и останува мека со денови appeared first on НМД.

]]>

ПОГАЧА СО СУВО ГРОЗЈЕ ШТО СЕ КИНЕ НА КОНЦИ: Меко и воздушесто тесто кое расте како балон

Ако сакате домашни печива со мека и влакнеста структура што буквално се кинат на конци, оваа погача со суво грозје е вистинскиот избор.

Тестото е лесно за подготовка, убаво нараснува при печењето и добива нежна внатрешност и златна кора.

Идеална е за појадок, попладневно кафе или семејни собири, а се подготвува од состојки кои најчесто веќе ги имате дома, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

За тестото:

* 250 мл топло млеко
* 11 г сув квасец
* 3 лажици шеќер
* 1 лажица брашно
* 3 јајца
* 1 прстофат сол
* 60 г растопен путер
* 600 г интегрално пченично брашно
* 10 г ванилин шеќер
* 50 г суво грозје

За доработка:

* 80 г брашно

За премачкување:

* 1 лажица млеко или цврст јогурт
* 1 лажица неутрално растително масло
* НМД

За посипување:

* кафеав шеќер по желба

Слатка погача со суво грозје во црвено тавче пред печење
Тесто за слатка погача со суво грозје подготвено за печење

Постапка

Во длабок сад сипете го топлото млеко и додајте ги сувиот квасец, шеќерот и 1 лажица брашно. Измешајте и оставете да стои околу 15 минути на топло место за да се активира квасецот.

Во посебен сад изматете ги јајцата со прстофат сол. Кога квасецот ќе се активира, додајте ја смесата со јајца и растопениот путер.

Постепено додајте го брашното и ванилиниот шеќер, мешајќи додека не добиете меко тесто. На крај додајте го сувото грозје и нежно вмешајте го во тестото.

Префрлете го тестото на набрашнета работна површина и месете додека стане мазно и еластично. Покријте го и оставете го да стасува околу 1 час, односно додека значително не го зголеми волуменот.

Стасаното тесто лесно премесете го и обликувајте го во топка. Поделете го на два еднакви дела.

Секој дел со рацете издолжете го во ролна и исечете го на по 5 еднакви парчиња. Од секое парче обликувајте мазно топче. Ќе добиете вкупно 10 топчиња.

Во долгнавест и подлабок калап за леб или ролат наредете ги топчињата во два реда по пет.

Покријте го калапот и оставете ги да стасуваат уште 10 до 15 минути.

Измешајте ги млекото и маслото, па со четка премачкајте ја површината на погачата. По желба посипете кафеав шеќер.

Печете во претходно загреана рерна на 170°C околу 30 минути, односно додека добие убава златна боја.

По печењето оставете ја погачата кратко да се излади. Секое парче лесно се одвојува, а внатрешноста се кине на нежни конци што ја прават оваа погача посебно привлечна и вкусна.

Совет

За уште побогат вкус, покрај сувото грозје можете да додајте ситно сечкани ореви или бадеми. Оваа домашна погача одлично се комбинира со кафе, чај или топло млеко.

Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:

https://youtu.be/RXQZTlkNTwg?si=bLcE32X73FmwTbfh

The post Тесто што расте како балон: Погача со суво грозје што се кине на конци и останува мека со денови appeared first on НМД.

]]>
https://nmd.mk/pogaca-so-suvo-grozje/feed/ 0
Посна лисната кифла погача: Толку е мека што успева секојпат, а се прави без мака https://nmd.mk/posna-lisnata-pogaca/ https://nmd.mk/posna-lisnata-pogaca/#respond Thu, 28 May 2026 20:41:28 +0000 https://nmd.mk/?p=168867

Откријте рецепт за мека и лисната посна кифла погача – домашен специјалитет со крцкава кора и воздушеста внатрешност. Совршена за појадок, вечера или празнична трпеза. Кога домот ќе замириса на штотуку печено домашно тесто, секоја трпеза станува посебна. Оваа посна лисната кифла погача, е вистински избор за сите што сакаат меко, воздушесто и декоративно печиво […]

The post Посна лисната кифла погача: Толку е мека што успева секојпат, а се прави без мака appeared first on НМД.

]]>

Откријте рецепт за мека и лисната посна кифла погача – домашен специјалитет со крцкава кора и воздушеста внатрешност. Совршена за појадок, вечера или празнична трпеза.

Кога домот ќе замириса на штотуку печено домашно тесто, секоја трпеза станува посебна.

Оваа посна лисната кифла погача, е вистински избор за сите што сакаат меко, воздушесто и декоративно печиво кое изгледа како од пекарница.

Благодарение на лиснатите слоеви и богатата текстура, оваа погача е идеална за појадок, вечера, семејни собири или празнични денови.

Подготовката е едноставна, а резултатот е професионален изглед и вкус што освојува уште со првото парче, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

посна лисната погача
фото и рецепт: mamita_dane_i_jodze
посна лисната погача
фото и рецепт: mamita_dane_i_jodze

Потребни состојки:

* 500 мл млака вода
* 100 мл масло
* 42 г свеж квасец
* 1 супена лажица шеќер
* 1 лажичка сол
* околу 900 г брашно
* 250 г маргарин

За премачкување:

* малку вода
* сусам по желба
* малку масло

Златна и румена посна лисната кифла погача печена во тркалезно тавче
Домашна посна лисната погача, мека како памук. фото и рецепт: mamita_dane_i_jodze

Постапка:

Во длабок сад сипете ја млаката вода и маслото, па додајте ги свежиот квасец, шеќерот и солта. Постепено додајте брашно и замесете меко и еластично тесто.

Покријте го тестото и оставете го да нарасне околу 30 минути. Потоа кратко премесете го и поделете го на 6 еднакви топчиња (од тесто).

Секое топче развлечете го во големина на чинија. Премачкајте со растопен маргарин и редете ги едно врз друго. Последната кора одозгора не се премачкува.

Оставете го нареденото тесто да одмори околу 5 минути, па со сукало развлечете поголема кора. Исечете ја на 16 триаголници и секој дел свиткајте го во кифличка.

Кифличките редете ги кружно во тава за печење, како погача. Премачкајте со вода, посипете сусам и оставете повторно да нарасне додека убаво не се зголеми.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути, односно додека добие златнорумена боја.

Откако ќе се испече, премачкајте ја погачата со малку масло за да остане мека и сјајна.

Совети за совршена домашна погача:

* За уште помека текстура, користете просеано брашно.

* Ако сакате побогат вкус, додајте малку сув босилек или суво оригано меѓу слоевите.

* Погачата е одлична со растителен намаз, ајвар или домашна салата.

* Овој рецепт е практичен и економичен, а резултатот потсетува на печива од врвна пекарница.

* Рецепт – ТУКА.

The post Посна лисната кифла погача: Толку е мека што успева секојпат, а се прави без мака appeared first on НМД.

]]>
https://nmd.mk/posna-lisnata-pogaca/feed/ 0
Мека домашна проја со сирење: Стар рецепт на чаши што успева секојпат https://nmd.mk/meka-domashna-proja-so-sirenje/ https://nmd.mk/meka-domashna-proja-so-sirenje/#respond Thu, 28 May 2026 13:22:36 +0000 https://nmd.mk/?p=168838

Кога сакате нешто брзо, домашно и вкусно, старата добра проја е секогаш вистински избор. Овој рецепт се подготвува без вага и без комплицирани чекори – сите состојки се мерат со чаша, а резултатот е мека, сочна и миризлива проја со богат вкус на сирење. Идеална е за појадок, лесна вечера или викенд уживање со чаша […]

The post Мека домашна проја со сирење: Стар рецепт на чаши што успева секојпат appeared first on НМД.

]]>

Кога сакате нешто брзо, домашно и вкусно, старата добра проја е секогаш вистински избор.

Овој рецепт се подготвува без вага и без комплицирани чекори – сите состојки се мерат со чаша, а резултатот е мека, сочна и миризлива проја со богат вкус на сирење.

Идеална е за појадок, лесна вечера или викенд уживање со чаша јогурт, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

домашна проја со сирење

Домашна мека проја со сирење и сусам печена во плех
Мека домашна проја со сирење и сусам, подготвена по старински рецепт на чаши.

Потребни состојки:

* 3 јајца
* 1 чаша кисело млеко
* 1 чаша масло
* 1 чаша газирана вода
* 1 чаша пченкарно брашно
* 1 чаша бело пченично брашно
* 1 прашок за печиво
* 300 г сирење
* сусам по желба

За тепсија:

* 33 × 23 см

домашна проја со сирење

Постапка:

Во подлабок сад со жица кратко изматете ги јајцата. Додајте го киселото млеко, маслото и киселата вода, па промешајте додека смесата убаво се соедини.

Потоа додајте ги пченкарното брашно, белото брашно и прашокот за печиво. Мешајте додека да добиете изедначена смеса без грутки.

Сирењето изгмечете го лесно со виљушка, но не премногу, за да останат помали парчиња што ќе ѝ дадат посебна сочност на пројата. Додајте го во смесата и повторно промешајте.

Тепсијата обложете ја со хартија за печење или премачкајте ја со масло и наросете малку брашно. Истурете ја смесата рамномерно, а одозгора по желба наросете сусам.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, односно додека пројата добие убава златнорумена боја.

Највкусна е додека е топла, послужена со јогурт или кисело млеко.

Совети за совршена проја:

* За побогат вкус користете постаро сирење.

* Ако сакате уште посочна текстура, додајте малку цврст јогурт.

* Пројата останува мека и следниот ден, што ја прави одличен избор за семејни оброци и практична домашна кујна.

* Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

The post Мека домашна проја со сирење: Стар рецепт на чаши што успева секојпат appeared first on НМД.

]]>
https://nmd.mk/meka-domashna-proja-so-sirenje/feed/ 0
Мека како памук: Бабина погача со сирење што успева секојпат – лесна е дури и за почетници https://nmd.mk/meka-kako-pamuk-babina-pogacha-so-sire%d1%9ae-shto-uspeva-seko%d1%98pat-lesna-e-duri-i-za-pochetniczi/ https://nmd.mk/meka-kako-pamuk-babina-pogacha-so-sire%d1%9ae-shto-uspeva-seko%d1%98pat-lesna-e-duri-i-za-pochetniczi/#respond Tue, 19 May 2026 14:30:38 +0000 https://nmd.mk/?p=168592

Вака нашите баби правеа најмека погача: Со сирење однатре, мека и следниот ден Најлесната полнета погача: Без многу месење, а вкусот е совршен Понекогаш најубавите рецепти се токму оние наједноставните. Оваа старовремска погача со сирење е доказ дека со неколку основни состојки може да добиете неверојатно меко и вкусно домашно печиво кое мириса на топол […]

The post Мека како памук: Бабина погача со сирење што успева секојпат – лесна е дури и за почетници appeared first on НМД.

]]>

Вака нашите баби правеа најмека погача: Со сирење однатре, мека и следниот ден

Најлесната полнета погача: Без многу месење, а вкусот е совршен

Понекогаш најубавите рецепти се токму оние наједноставните. Оваа старовремска погача со сирење е доказ дека со неколку основни состојки може да добиете неверојатно меко и вкусно домашно печиво кое мириса на топол семеен дом.

Тестото е лесно за работа, а филот од сирење му дава посебна сочност и богат вкус. Одлична е за појадок, вечера или како домашно мезе покрај јогурт и сезонска салата.

Рецептот е толку едноставен што без проблем можат да го подготват и почетници, па дури и деца со мала помош од возрасен.

Дополнително, домашните печива се сѐ попопуларен избор кај семејствата кои сакаат поквалитетна и посвежа храна, а токму ваквите традиционални рецепти повторно се враќаат во модерните кујни, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

брза погача
Screenshot @LetinaKuhinja youtube
брза погача
Screenshot @LetinaKuhinja youtube

Потребни состојки:

За тестото:

* 400–450 г брашно
* 200 мл млако млеко
* 20 г свеж квасец
* 50 мл масло
* 1 лажичка шеќер
* 3 јајца
* половина рамна лажица сол

За филот:

* 80–90 г сирење
* 1 јајце

За премачкување:

* 1 жолчка
* 1 лажица јогурт

брза погача
Screenshot @LetinaKuhinja youtube
брза погача
Screenshot @LetinaKuhinja youtube

Постапка:

Во млакото млеко додајте ги шеќерот и квасецот, па оставете кратко да се активираат.

Потоа додајте ги маслото и јајцата, па убаво изматете ја смесата. Сипете ја во подлабок сад со брашното, додајте сол и замесете меко тесто.

Покријте го тестото и оставете го на топло место додека да го удвои волуменот.

Работната површина и дланките лесно премачкајте ги со масло. Тестото развлечете го со раце или со сукало во кружна форма, како кора.

Во посебен сад измешајте ги сирењето и јајцето. Филот распоредете го во средината на тестото.

Краевите од тестото повлекувајте ги кон средината и добро затворајте ги со прстите за филот да не излегува при печењето.

Погачата внимателно превртете ја и ставете ја во тркалезен плех со пречник од околу 30 см, обложен со хартија за печење.

Измешајте жолчка и јогурт, па премачкајте ја погачата одозгора за да добие убава боја и сјај.

Оставете да одмори уште 10 минути, а потоа печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25–30 минути, додека да добие златнорумена боја.

Послужете ја топла, со јогурт или цврст јогурт (кисела павлака), а одлична е и следниот ден.

Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:

The post Мека како памук: Бабина погача со сирење што успева секојпат – лесна е дури и за почетници appeared first on НМД.

]]>
https://nmd.mk/meka-kako-pamuk-babina-pogacha-so-sire%d1%9ae-shto-uspeva-seko%d1%98pat-lesna-e-duri-i-za-pochetniczi/feed/ 0
Битолска кокмишка – стар домашен рецепт за мека кисната погача со урда и путер https://nmd.mk/bitolska-kokmishka-star-domashen-reczept-za-meka-kisnata-pogacha-so-urda-i-puter/ https://nmd.mk/bitolska-kokmishka-star-domashen-reczept-za-meka-kisnata-pogacha-so-urda-i-puter/#respond Fri, 15 May 2026 13:55:40 +0000 https://nmd.mk/?p=168504

Стар битолски рецепт за кокмишка: Домашна кисната погача со совршени слоеви Постојат рецепти што не се забораваат, а битолската кокмишка е токму еден од нив. Миризлива, мека и богата со слоеви, оваа традиционална кисната погача со урда и путер е вистинска милина и за очите и за стомакот. Совршена е за семеен појадок, празнична трпеза […]

The post Битолска кокмишка – стар домашен рецепт за мека кисната погача со урда и путер appeared first on НМД.

]]>

Стар битолски рецепт за кокмишка: Домашна кисната погача со совршени слоеви

Постојат рецепти што не се забораваат, а битолската кокмишка е токму еден од нив. Миризлива, мека и богата со слоеви, оваа традиционална кисната погача со урда и путер е вистинска милина и за очите и за стомакот.

Совршена е за семеен појадок, празнична трпеза или топла домашна вечера.

Комбинацијата од меко тесто, растопен путер и крцкав сусам создава вкус кој потсетува на старите домашни рецепти што се пренесуваат со генерации, пишува НМД. Еве што ви ен потребно:

домашна лисната пита

Потребни состојки:

* 1 кг брашно
* 500 мл млака вода
* 1 коцка свеж квасец
* 1 мало лажиче шеќер
* 1 мало лажиче сол
* ½ филџан масло
* путер за премачкување
* урда по потреба
* сусам за наросување
* НМД

домашна лисната пита
Фото и рецепт: Елена Ангелевска
домашна лисната пита
Фото и рецепт: Елена Ангелевска

Постапка:

Во длабок сад сипете ја млаката вода, додајте ги шеќерот и квасецот, па промешајте додека целосно да се растопат.

Потоа додајте ги маслото, солта и постепено додавајте го брашното. Замесете меко и мазно тесто. Покријте го и оставете го на топло место додека убаво да надојде.

Откако тестото ќе го зголеми волуменот, кратко премесете го и поделете го на 10 еднакви топчиња.

Земете го првото топче и развлечете кора со големина на тепсијата. Премачкајте ја со растопен путер и наросете урда.

Истата постапка повторете ја и со следните осум кори – секоја кора премачкувајте ја со путер и наросувајте урда.

Десеттото топче развлечете го и ставете го најгоре без фил.

Погачата исечете ја на парчиња по желба, покријте ја и оставете ја повторно да надојде.

Пред печење прелијте ја со растопен путер и наросете сусам.

Печете во претходно загреана рерна на 220 до 200 степени околу 30 минути, односно додека убаво да зарумени.

Послужете ја топла, со јогурт, сирење или сезонска салата.

Совети за подобар резултат:

* За уште помека структура користете квалитетно брашно за киснати теста.

* Путерот дава побогат вкус и мирис, но може да комбинирате и со малку масло.

* Урда со покремаста текстура создава посочна и помека погача.

* Одличен избор е и за свечени трпези, семејни собири и домашен појадок.

The post Битолска кокмишка – стар домашен рецепт за мека кисната погача со урда и путер appeared first on НМД.

]]>
https://nmd.mk/bitolska-kokmishka-star-domashen-reczept-za-meka-kisnata-pogacha-so-urda-i-puter/feed/ 0
Мераклиска погача со лук што освојува на прв залак – мека, миризлива и подготвена без компликации https://nmd.mk/merakliska-pogacha-so-luk-shto-osvo%d1%98uva-na-prv-zalak-meka-mirizliva-i-podgotvena-bez-komplikaczii/ https://nmd.mk/merakliska-pogacha-so-luk-shto-osvo%d1%98uva-na-prv-zalak-meka-mirizliva-i-podgotvena-bez-komplikaczii/#respond Mon, 27 Apr 2026 02:11:28 +0000 https://nmd.mk/?p=167769

Погача со лук и путер што мириса неодоливо – мека однатре, крцкава однадвор (лесен рецепт) 🥖 Погача со лук и путер – мека, ароматична и совршена за секоја трпеза Ако барате рецепт што комбинира едноставна подготовка, богат вкус и привлечен изглед, оваа погача со лук е вистински избор. Со мека текстура однатре и мирисен, златен […]

The post Мераклиска погача со лук што освојува на прв залак – мека, миризлива и подготвена без компликации appeared first on НМД.

]]>

Погача со лук и путер што мириса неодоливо – мека однатре, крцкава однадвор (лесен рецепт)

🥖 Погача со лук и путер – мека, ароматична и совршена за секоја трпеза

Ако барате рецепт што комбинира едноставна подготовка, богат вкус и привлечен изглед, оваа погача со лук е вистински избор.

Со мека текстура однатре и мирисен, златен слој одозгора, ова печиво е идеално за појадок, семејна вечера или гости, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

погача со лукпогача со лук

🛒 Потребни состојки

За тесто:

* 400 г брашно
* 120 мл топло млеко
* 120 мл топла вода
* 1 лажица шеќер
* 1 лажица сув квасец
* 2 лажици маслиново масло
* 1 лажичка сол
* 1 белка

За фил / намаз:

* 9 чешниња лук
* 80 г путер
* 1 китка свеж магдонос
* 1 лажичка сол
* 1/2 лажичка црвен пипер
* 4 лажици маслиново масло
* НМД

За премачкување:

* 1 жолчка, рендан кашкавал за посипување

погача со лукпогача со лук

👩‍🍳 Постапка

1. Во длабок сад сипете топла вода и млеко, додајте шеќер и квасец. Оставете неколку минути додека да се активира.

2. Додајте маслиново масло, сол и белка, па постепено додајте брашно и замесете меко тесто.

3. Месете додека да добиете мазна структура, потоа покријте и оставете да нарасне на топло место околу 1 час, додека да го зголеми волуменот.

4. За филот:

Во тава додајте масло и пропржете го лукот додека да добие златна боја. Сипете го во блендер, додајте путер, ситно исечкан магдонос, сол, црвен пипер и маслиново масло. Блендирајте додека да добиете кремаста смеса.

5. Тестото поделете го на 3 еднакви дела и оформете топчиња. Оставете да одморат 10 минути.

6. Секое топче развлечете го во кора. Првата кора ставете ја врз хартија за печење и премачкајте ја со половина од филот. Покријте со втора кора и премачкајте со остатокот од намазот. Одозгора ставете ја третата кора.

7. Покријте и оставете да одмори околу 15 минути.

8. Одозгора премачкајте со жолчка. Во средината поставете чаша и исечете ја погачата како ѕвезда на 14 краци. Секои две ленти виткајте ги спирално во спротивни насоки за декоративен ефект.

9. Посипете малку рендан кашкавал. Печете во загреана рерна на 180°C околу 20 минути, додека да добие златна боја.

💡 Корисни совети

* За уште подобар резултат, користете квалитетен путер и маслиново масло.

* Ако имате стоечка миксер машина, значително ќе го олесните месењето.

* Печењето во модерна рерна со вентилатор овозможува порамномерна текстура.

* Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://youtu.be/wQY5sYqUj0A?si=VQqM1ncqc4hX5TLf

The post Мераклиска погача со лук што освојува на прв залак – мека, миризлива и подготвена без компликации appeared first on НМД.

]]>
https://nmd.mk/merakliska-pogacha-so-luk-shto-osvo%d1%98uva-na-prv-zalak-meka-mirizliva-i-podgotvena-bez-komplikaczii/feed/ 0
Козињак со огромни конци: проверен рецепт за меко, еластично и богато тесто https://nmd.mk/kozi%d1%9aak-so-ogromni-konczi-proveren-reczept-za-meko-elastichno-i-bogato-testo/ https://nmd.mk/kozi%d1%9aak-so-ogromni-konczi-proveren-reczept-za-meko-elastichno-i-bogato-testo/#respond Sat, 11 Apr 2026 15:35:16 +0000 https://nmd.mk/?p=167555

Козињак со огромни конци: тајната на совршено меко и еластично тесто што секој успева Ако барате проверен рецепт за козињак со изразени „конци“, мек како памук и со богата текстура, ова е вистинскиот избор. Тајната е во постепеното додавање масти и подолгото месење, што резултира со професионален изглед и вкус – како од најдобрите пекарници. […]

The post Козињак со огромни конци: проверен рецепт за меко, еластично и богато тесто appeared first on НМД.

]]>

Козињак со огромни конци: тајната на совршено меко и еластично тесто што секој успева

Ако барате проверен рецепт за козињак со изразени „конци“, мек како памук и со богата текстура, ова е вистинскиот избор.

Тајната е во постепеното додавање масти и подолгото месење, што резултира со професионален изглед и вкус – како од најдобрите пекарници.

Овој рецепт е идеален за празнична трпеза, но и за секој што сака сигурен успех со тесто, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

козињак
Рецепт и фото: Дијана Талевски
козињак
Рецепт и фото: Дијана Талевски

🧾 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

За тесто:
• 200 мл млако млеко
• 14 г сув квасец
• 200–240 г шеќер
• 84 г течен светол мед (4 лажици)
• 120 мл млак јогурт
• рендана кора од 1 лимон или портокал
• 4 големи јајца
• 4 жолчки
• 1 лажица рум или ракија
• 1 прстофат сол
• 1 мл есенција со вкус на рум
• 1150 г брашно (или по потреба)
• 100 г маст
• 150 г путер

За фил (по избор):
• суво грозје натопено во рум
• чоколадни капки
• локум
• чоколаден намаз
• џем или мармалад

За премачкување:
• 1 жолчка
• 1–2 лажици млеко
• шеќер, бадеми, ореви

👩‍🍳 ПОСТАПКА

1. Во млакото млеко додајте шеќер, квасец и 100 г брашно. Добро промешајте додека да нема грутчиња и оставете да ферментира на топло место додека да го зголеми волуменот тројно.

2. Повторете ја ферментацијата уште 1–2 пати за поинтензивен вкус и подобра структура на тестото (опционално, но препорачливо).

3. Во активираниот квасец додајте јогурт, рендана кора, шеќер, мед, јајца, жолчки, сол, рум, есенција и брашно. Замесете мазно тесто, без додавање маст и путер.

4. Покријте го тестото во намастен сад и оставете да стасува додека да го зголеми волуменот тројно (околу 90 минути).

5. Стасаното тесто раширете го и постепено додавајте маст и омекнат путер. Месете додека целосно да се апсорбираат. Оваа фаза бара трпение, но е клучна за создавање на „конците“.

6. Повторно оставете го тестото да стасува (60–90 минути).

7. Поделете го тестото на делови, оформете валјаци, додајте фил по избор и исплетете плетенки.

8. Редете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги и оставете да стасуваат околу 1 час.

9. Премачкајте со жолчка и млеко, посипете со шеќер и јатки.

10. Печете во загреана рерна на 170°C околу 40–45 минути. Ставете сад со вода на дното од рерната за подобра текстура.

11. Испечените козињаци оставете ги да се оладат на решетка.

📊 СОВЕТИ ЗА СОВРШЕН РЕЗУЛТАТ

• Користете квалитетно брашно со повисок процент на протеини – тоа влијае на структурата

• Миксер со кука за тесто може значително да го олесни процесот

• Контролата на температурата во просторијата е клучна за ферментација

• Квалитетните млечни производи даваат подобар вкус и текстура

• Оригиналниот рецепт со фотографии можете да го прочитате ОВДЕ.

The post Козињак со огромни конци: проверен рецепт за меко, еластично и богато тесто appeared first on НМД.

]]>
https://nmd.mk/kozi%d1%9aak-so-ogromni-konczi-proveren-reczept-za-meko-elastichno-i-bogato-testo/feed/ 0
Козињак со огромни конци: Детален рецепт за меко, еластично тесто и совршен празничен вкус https://nmd.mk/kozi%d1%9aak-so-ogromni-konczi-detalen-reczept-za-meko-elastichno-testo-i-sovrshen-praznichen-vkus/ https://nmd.mk/kozi%d1%9aak-so-ogromni-konczi-detalen-reczept-za-meko-elastichno-testo-i-sovrshen-praznichen-vkus/#respond Sat, 11 Apr 2026 15:16:12 +0000 https://nmd.mk/?p=167551

Козињак со огромни конци: Тајната на совршено меко и еластично тесто што секогаш успева 🥐 КОЗИЊАК СО ОГРОМНИ КОНЦИ Професионален рецепт за меко, еластично и богато тесто Домашниот козињак со конци е вистински симбол на празничната трпеза. Со правилна техника и внимателно месење, може да добиете резултат како од врвна пекарница – мек однатре, со […]

The post Козињак со огромни конци: Детален рецепт за меко, еластично тесто и совршен празничен вкус appeared first on НМД.

]]>

Козињак со огромни конци: Тајната на совршено меко и еластично тесто што секогаш успева

🥐 КОЗИЊАК СО ОГРОМНИ КОНЦИ

Професионален рецепт за меко, еластично и богато тесто

Домашниот козињак со конци е вистински симбол на празничната трпеза.

Со правилна техника и внимателно месење, може да добиете резултат како од врвна пекарница – мек однатре, со богати влакна и неодолив мирис.

Овој рецепт ги открива токму тие чекори што прават разлика, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

козињак на конци

🧾 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

За тесто:
• 200 мл млако млеко
• 14 г сув квасец
• 200–240 г шеќер
• 84 г течен светол мед
• 120 мл млак јогурт
• кора од 1 лимон или портокал (рендана)
• 4 големи јајца
• 4 жолчки
• 1 лажица рум или ракија
• 1 прстофат сол
• 1 мл есенција со вкус на рум
• околу 1150 г брашно (по потреба)
• 100 г маст
• 150 г путер

За фил (по избор):
• суво грозје (натопено во рум, исцедено)
• чоколадни капки
• локум
• чоколаден намаз
• џем или мармалад

За премачкување:
• 1 жолчка
• 1–2 лажици млеко
• НМД

За наросување:
• шеќер
• бадеми, ореви или други јатки

козињак на конци

👩‍🍳 ПОСТАПКА

1. Во млако млеко додајте една лажица шеќер, квасец и 100 г брашно. Промешајте додека да нема грутчиња и оставете да ферментира на топло место додека да го зголеми волуменот.

Повторете ја ферментацијата уште двапати за поинтензивна структура (може и еднаш – разликата е мала).

2. Во длабок сад сипете го активираниот квасец и додајте јогурт, шеќер, мед, јајца, жолчки, сол, рум, есенција и рендана кора. Постепено додајте брашно и замесете мазно тесто.

3. Покријте го тестото во намастен сад и оставете да стасува додека тројно да го зголеми волуменот (околу 90 минути).

4. Стасаното тесто развлечете го и постепено додајте маст и омекнат путер. Месете додека целосно да се впијат. Овој чекор е клучен за добивање на карактеристичните „конци“.

5. Повторно оставете да стасува (60–90 минути), додека повторно да го зголеми волуменот.

6. Поделете го тестото на делови, формирајте валјаци и наполнете со фил по избор. Потоа сплетете плетенки.

7. Редете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте и оставете да стасуваат околу 1 час.

8. Премачкајте со жолчка и млеко, наросете шеќер и јатки.

9. Печете во претходно загреана рерна на 170°C околу 40–45 минути. На дното поставете сад со вода за подобра текстура.

10. Испечените козињаци оставете ги да се оладат на решетка.

👉 Од оваа количина се добиваат околу 4 козињаци.

💡 СОВЕТ ПЛУС (за повисок квалитет)

Долгото месење и постепеното додавање масти се клучни за еластичноста на тестото. Доколку користите квалитетно брашно и внимателно ја следите температурата, резултатот ќе биде споредлив со професионални пекарски производи.

• Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

The post Козињак со огромни конци: Детален рецепт за меко, еластично тесто и совршен празничен вкус appeared first on НМД.

]]>
https://nmd.mk/kozi%d1%9aak-so-ogromni-konczi-detalen-reczept-za-meko-elastichno-testo-i-sovrshen-praznichen-vkus/feed/ 0
Совршен велигденски козињак на конци: Техника што гарантира меко и влакнесто тесто секој пат https://nmd.mk/sovrshen-veligdenski-kozi%d1%9aak-na-konczi-tehnika-shto-garantira-meko-i-vlaknesto-testo-seko%d1%98-pat/ https://nmd.mk/sovrshen-veligdenski-kozi%d1%9aak-na-konczi-tehnika-shto-garantira-meko-i-vlaknesto-testo-seko%d1%98-pat/#respond Fri, 10 Apr 2026 18:20:22 +0000 https://nmd.mk/?p=167526

🍞 Совршен велигденски козињак на конци со двојно активиран квасец Велигденските празници се незамисливи без мирисот на свежо печен козињак. Овој традиционален десерт бара трпение, но со правилна техника резултатот е меко, еластично и богато тесто со совршена структура. Еден од најчестите предизвици е втасувањето. Затоа, во овој рецепт се користи метод на двојно активирање […]

The post Совршен велигденски козињак на конци: Техника што гарантира меко и влакнесто тесто секој пат appeared first on НМД.

]]>

🍞 Совршен велигденски козињак на конци со двојно активиран квасец

Велигденските празници се незамисливи без мирисот на свежо печен козињак. Овој традиционален десерт бара трпение, но со правилна техника резултатот е меко, еластично и богато тесто со совршена структура.

Еден од најчестите предизвици е втасувањето.

Затоа, во овој рецепт се користи метод на двојно активирање на квасецот, кој значително ја намалува можноста за неуспех и гарантира стабилен резултат – техника што ја користат и професионални пекари и слаткари, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

козињаккозињак

🛒 Потребни состојки

• 600 г брашно (со околу 14% протеини – за подобра структура)
• 150 мл млеко
• 150 г шеќер
• 3 јајца
• 1 жолчка
• 21 г свеж квасец или 6 г сув квасец
• 120 г маснотија (растопен путер, масло или комбинација)
• 2 г сол
• 5 мл ванила екстракт
• 5 мл рум
• кора од 1 лимон
• кора од 1 портокал

За премачкување и декорација:
• 1 белка
• шеќер
• НМД

👩‍🍳 Постапка

1. Подготовка на брашното
Просејте го брашното трипати за да добиете полесна и повоздушеста структура на тестото.

2. Двојно активирање на квасецот
Во мал сад сипете малку млако млеко, додајте 1 лажичка шеќер и квасец.

Оставете 10 минути додека да запени.
Потоа додајте 2 лажици брашно, промешајте и оставете уште 15 минути.

3. Подготовка на течната смеса
Во посебен сад сипете млеко, шеќер и сол. Промешајте и оставете да отстои 10 минути.

4. Замесување на тестото
Во длабок сад сипете брашно, млекото, јајца и жолчка, додајте рендана кора од лимон и портокал, ванила, рум и активираниот квасец.

Замесете тесто, па постепено додавајте маснотија во неколку наврати.

5. Прво стасување
Оставете го тестото во намастен сад да ферментира околу 2 часа на топло место (може во исклучена рерна), додека да го удвои волуменот.

6. Формирање
Поделете го тестото на 2 дела, а секој на по 3. Развлечете ги во долгнавести овални кори, најдобро со дланките, покријте и оставете да одморат 30 минути.

По желба филувајте со суво грозје, локум или друго полнење, свиткајте во ролати, малку заcучете ги за да се добијат конци, па оформете плетенка.

7. Второ стасување
Ставете ги плетенките во намастен калап и оставете да нараснат околу 40 минути во благо затоплена, исклучена рерна.

8. Печење
Премачкајте со разматена белка (со виљушка) и посипете со навлажнет шеќер (неколку пати промешајте го шеќерот со натопени прсти во вода).

Печете на 160°C околу 40–45 минути, додека внатрешната температура достигне 90–96°C.

💡 Совети за совршен резултат

• Користете кујнски термометар за прецизна проверка на печењето

• Изберете квалитетно брашно со висок протеин за подобра текстура

• Добар миксер со кука за тесто значително го олеснува процесот

• Правилната температура на состојките е клучна за успешно стасување

• Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://www.youtube.com/shorts/gGzjUfQfjmI

The post Совршен велигденски козињак на конци: Техника што гарантира меко и влакнесто тесто секој пат appeared first on НМД.

]]>
https://nmd.mk/sovrshen-veligdenski-kozi%d1%9aak-na-konczi-tehnika-shto-garantira-meko-i-vlaknesto-testo-seko%d1%98-pat/feed/ 0
Како да направите совршен ароматичем козињак дома – мек, миризлив и на конци како од пекарница https://nmd.mk/kako-da-napravite-sovrshen-aromatichem-kozi%d1%9aak-doma-mek-mirizliv-i-na-konczi-kako-od-pekarnicza/ https://nmd.mk/kako-da-napravite-sovrshen-aromatichem-kozi%d1%9aak-doma-mek-mirizliv-i-na-konczi-kako-od-pekarnicza/#respond Fri, 10 Apr 2026 01:46:29 +0000 https://nmd.mk/?p=167504

Совршен миризлив козињак (цуреки) – мек, ароматичен и на конци како од пекарница Велигденските празници носат топлина, традиција и мирис на свежо печен козињак. Овој ароматичен козињак, познат како „цуреки“, се издвојува по својата неверојатна мекост, растеглива структура и богата арома од портокал, мастика и махлеб. Со внимателна подготовка и неколку мали трикови, ќе добиете […]

The post Како да направите совршен ароматичем козињак дома – мек, миризлив и на конци како од пекарница appeared first on НМД.

]]>

Совршен миризлив козињак (цуреки) – мек, ароматичен и на конци како од пекарница

Велигденските празници носат топлина, традиција и мирис на свежо печен козињак.

Овој ароматичен козињак, познат како „цуреки“, се издвојува по својата неверојатна мекост, растеглива структура и богата арома од портокал, мастика и махлеб.

Со внимателна подготовка и неколку мали трикови, ќе добиете резултат што по квалитет не заостанува зад професионалните пекарници.

Совет: Квалитетното брашно со повисок процент на протеини и правилното месење значително влијаат на структурата, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

козињак
фото и рецепт на Светлана Фотини Коунтоури
козињак
фото и рецепт на Светлана Фотини Коунтоури

📝 Потребни состојки

За квасецот:
• 50 г свеж квасец
• 150 мл млака вода
• 100 г брашно
• 1 лажица шеќер

За тестото:
• 1.200 г брашно (12% протеини)
• 4 јајца + 1 јајце (за премачкување)
• 250 г шеќер
• 2 ванили
• 200 мл топло млеко
• 130 мл растопено масло
• кора и сок од 2 портокали
• 1 лажица рум
• 1 лажичка кардамон
• 1 лажичка махлеб
• 1 лажичка мастика во прав – зачин (по желба)
• ½ лажичка сол
• околу 50 мл дополнителна маснотија (за месење)
• филирани бадеми (за наросување)

(Опционално: локум или суво грозје за филување)

козињак
фото и рецепт на Светлана Фотини Коунтоури
козињак
фото и рецепт на Светлана Фотини Коунтоури

👩‍🍳 Постапка

1. Подготовка на квасецот:
Во длабок сад измешајте го квасецот со млаката вода, брашното и шеќерот. Оставете да одстои околу 15 минути, додека да се активира и запени.

2. Подготовка на смесата со јајца:
Во посебен сад изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте зачини по желба: ванила, кардамон, махлеб, мастика, кора и сок од портокал, како и рум.

Мешајте додека да добиете хомогена смеса.

3. Течна смеса:
Загрејте го млекото (да биде млако, не врело) и измешајте го со растопеното масло.

4. Замесување:
Во поголем сад просејте го брашното и додајте сол. Направете вдлабнатина и сипете ја смесата со јајца, активираниот квасец и млекото со масло.

Замесете меко, еластично тесто најмалку 20–25 минути, со постепено додавање на маснотија. Тестото треба да стане мазно и растегливо.

5. Прво нараснување:
Покријте го тестото и оставете го да нараснува околу 2 часа, додека да го удвои волуменот.

6. Формирање:
Поделете го тестото на топчиња, развлечете овални долгнавести кори, филувајте ги по желба, а можат да бидат и празни.

Свиткајте ги во тенки и долги ролати, па оформете плетенки. Оставете ги оформените козињаци да нараснат уште 1 час.

7. Печење:
Премачкајте со изматено јајце со малку млеко и наросете со бадеми.

Печете во претходно загреана рерна на 170°C околу 45–50 минути. По потреба покријте ги одозгора со лист фолија за да не потемнат премногу.

💡 Професионални совети за совршен резултат

• Користете квалитетно брашно со висок процент на протеини за подобра структура

• Долгото месење е клучно за „конците“ во козињакот

• Не брзајте со нараснувањето – трпението прави разлика

• Контролата на температурата (рерна, состојки) влијае на финалниот вкус и текстура.

The post Како да направите совршен ароматичем козињак дома – мек, миризлив и на конци како од пекарница appeared first on НМД.

]]>
https://nmd.mk/kako-da-napravite-sovrshen-aromatichem-kozi%d1%9aak-doma-mek-mirizliv-i-na-konczi-kako-od-pekarnicza/feed/ 0