БУРЕК СО КУПЕЧКИ КОРИ ПОДОБАР ОД БУРЕКЧИЛНИЦА…Сочувајте го овој рецепт…Брза и едноставна подготовка…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г готови кори
околу 600 г месо по избор (пилешко, телешко и сл.)
1 главица кромид (не мора)
сув зачин (вегета), сол и црн пипер

МЕШАВИНА ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ:
500 мл минерална газирана вода
200 мл масло
2 чаши брашно (чаша од 200 мл)
1/2 лажица сол или по вкус
1/2 кесичка прашок за печиво

Во моето пакување имаше 17 листови. Одвоив и исеков 5 на ленти, а остатокот го завиткав во питички, добив 12 питички, но на видеото се гледаат само 10 бидејќи веќе не можеше сите да се сместат во плехот.

ПОСТАПКА:

1.Месото зачинете го и добро измешајте го.

2.Во длабок сад измешајте ги сите состојки за прелив.

3.Отворете ги корите и одвојте 4 или 5 листови. Свиткајте ги како ролат и исечете ги на тенки лентички.

4.Отворете една кора и половина од површината премачкјате ја со 3 лажици прелив. Преклопете ја со другата половина, па и таа премачкјате ја со преливот.

5.На едниот крај распоредете фил од месо, а преку месото распоредете сечени лентички. Свиткајте во ролат, а потоа како баничка.

6.Постапката повторете ја со преостанатите кори, а бурек-баничките редете ги во намастен плех.

7.Одозгора премачкјате ги со преостанатиот прелив, па ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/JYnmqBzozMk?si=hDCQHXmFxuQ-9VMr