Home закуска БУРЕК СО КУПЕЧКИ КОРИ ПОДОБАР ОД БУРЕКЧИЛНИЦА…Сочувајте го овој рецепт…Брза и едноставна...

БУРЕК СО КУПЕЧКИ КОРИ ПОДОБАР ОД БУРЕКЧИЛНИЦА…Сочувајте го овој рецепт…Брза и едноставна подготовка…

БУРЕК СО КУПЕЧКИ КОРИ ПОДОБАР ОД БУРЕКЧИЛНИЦА…Сочувајте го овој рецепт…Брза и едноставна подготовка…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г готови кори
околу 600 г месо по избор (пилешко, телешко и сл.)
1 главица кромид (не мора)
сув зачин (вегета), сол и црн пипер

МЕШАВИНА ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ:
500 мл минерална газирана вода
200 мл масло
2 чаши брашно (чаша од 200 мл)
1/2 лажица сол или по вкус
1/2 кесичка прашок за печиво

Во моето пакување имаше 17 листови. Одвоив и исеков 5 на ленти, а остатокот го завиткав во питички, добив 12 питички, но на видеото се гледаат само 10 бидејќи веќе не можеше сите да се сместат во плехот.

ПОСТАПКА:

1.Месото зачинете го и добро измешајте го.

2.Во длабок сад измешајте ги сите состојки за прелив.

3.Отворете ги корите и одвојте 4 или 5 листови. Свиткајте ги како ролат и исечете ги на тенки лентички.

4.Отворете една кора и половина од површината премачкјате ја со 3 лажици прелив. Преклопете ја со другата половина, па и таа премачкјате ја со преливот.

5.На едниот крај распоредете фил од месо, а преку месото распоредете сечени лентички. Свиткајте во ролат, а потоа како баничка.

6.Постапката повторете ја со преостанатите кори, а бурек-баничките редете ги во намастен плех.

7.Одозгора премачкјате ги со преостанатиот прелив, па ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.