БУРЕК НЕ И Е РАМЕН…Пита со сирење и готови кори…Превкусна…Еве што ви е потребно за да ја приготвите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г готови кори
500 г свежо сирење/урда
250 мл течен јогурт
4 јајца
1 прашок за печиво
сол по вкус (1 лажичка)

За премачкување помешајте:
100 мл масло
100 мл млеко

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте го сирењето со јајцата и јогуртот, па посолете и додајте го прашокот за печиво.

2.ТРИ КОРИ: наредете три кори една врз друга и секоја премачкјате ја со мешавина од масло и млеко. Распоредете фил преку цела површина и свиткајте ролат.

3.Вака приготвените ролати наредете ги во намастен пех. Одозгора премачкјате ги со остатокот од преливот и посипете ги со сусам. Распоредете мали парченца путер (100-150 г).

4.Питата печете ја 30-35 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/X3wl2s3CprY?si=VA3FgD0rKRIKpoL9