Потребни состојки: 2 помали тиквички или една поголема (300 г), 2 јајца, 2 лажици масло, 1 лажичка сол, 3 лажици бело брашно, 2 лажици пченкарно прашно, 1 кесичка прашок за печиво, 150 г рендан кашкавал, малку масло
Постапка: добро измијте ја тиквичката и отсечете ги краевите. Потоа изрендајте ја од крупната страна на рендето. Посолете и оставете малку да отстои, па добро истискајте ја изренданата тиквичка за да излезе сокот од неа.
Потоа додајте две јајца, две лажици масло и посолете, па промешајте. Во смесата додајте и 3 лажици бело и 2 лажици пченкарно брашно, 1 прашок за печиво, па добро промешајте за да се распоредат состојките. на крај промешајте и 150 г рендан кашкавал.
Плехот малку намастете го, па обложете го со хартија за печење. И хартијата малку намастете ја. Црпете со лажица, па по една полна супена лажица спуштајте врз хартијата на одредено растојание и малку обликувајте ги за да имаат правилна форма.
Од оваа количина приближно излегуваат 12 големи плескавици. Одозгора наросете ги со две супени лажици масло и ставете ги во загреана рерна на 220 степени да се печат околу 15 минути, односно додека убаво да заруменат. Постапката. ожете да ја погледнете ОВДЕ.
Похувани тиквички со сусам од рерна – однадвор крцкави, а внатре сочни
Рецепт и видео презентација на Ивана од Шерпица – Похувани тиквички со сусам од рерна – однадвор крцкави, а внатре сочни. Многу, многу вкусни. Однадвор крцкави, внатре сочни, многу добар вкус.
Самата подготовка е многу брза и поеднаставна, бидејќи се пече во рерна и не троши многу масло. Уживајте во рецептот и комбинирајте го со салати, сосови или прилог од зеленчук.
Потребни состојки: 2 средни тиквички, 4 јајца, 150 г пармезан, 3 лажици сусам, 5 лажици презла, 3 лажици брашно, сол и масло (2 лажици за цела тепсија)
Постапка: Тиквичките добро измијте ги и исечете ги на тркалца или надолжно на тенки ленти. Посолете ги и оставете ги малку да ја испуштат течноста од нив. Потоа процедете ги од вишокот течност.
Во еден сад измешајте брашно, презла, пармезан, сусам, а во друг сад изматете ги јајцата и посолете ги. Секоја тиквичка прво натопете ја во јајцата, па во мешавината од пармезан, па повторно во матените јајца и на крај во сувата мешавина.
На овој начин ќе го обезбедите надворешниот слој, кој откако ќе се испечат тиквичките ќе им даде дополнителна вкусност и крцкавост. Вака подготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење и малку намастен со четка натопена во масло.
Врз секоја тиквичка ставете по некоја капка масло, па ставете да се печат приближно 20-25 минути во загреана рерна на 200 степени. Уживајте додека се топли, но и кога ќе изладат се супер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ – Похувани тиквички од рерна, однадвор крцкави, одвнатре меки, превкусни.
Брзи, здрави и вкусни тиквички од рерна, за кои ви се потребни само 4 лажици масло. нема потреба да стоите долго пред шпорет и да ги пржите во длабоко масло. Рецепт и видео презентација на Gala Food.
Потребни состојки: 2 тиквички, малку сол, 2 лажици брашно, 1 лажица пченкарно брашно, 1 лажица лебни трошки (презла), 1 лажичка сол, ½ лажичка црвен зачински, пипер во прав, 2 јајца, сусам за наросување одозгора и 4 лажици масло
Постапка: Тиквичките убаво измијте ги, па исечете ги на тркалца заедно со кората. Посолете ги и оставете малку да отстојат. Во посебен сад ставете две лажици брашно, една лажица пченкарно брашно, една лажица лебни трошки, една лажичка сол, половина лажичка црвен пипер во прав и убаво промешајте за да се изедначат состојките.
Во друга чинија изматете две јајца со виљушка. Започнете го похувањето на тиквичките. Секое тркалце натопете го прво во јајцата, а потоа во мешавината од брашно и презла. Завршете со уште едно потопување во јајцата.
Вака приготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора наросете ги со сусам и со 4 лажици масло. Ставете да се печат во загреана рерна на 220 степени додека убаво да заруменат. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.