Ако ви е потребен брз и едноставен рецепт за ситни колачи, а нема да ве чини многу пари, тогаш ова е совршен рецепт за вас.

Многу брзо се приготвува, а резултатот се овие превкусни колачи, по сечиј вкус. Едноставно се топат во уста.

Потребни состојки:

300 г кекси по избор
40 г путер
2 лажици мед
100 мл слатка павлака

Постапка:

Според потребите соодветно зголемете ги количините на состојките. Кексите можете да ги купите готови мелени, но можете да си изберете вкус по ваша желба, па дома да ги сомелете во блендер или да ги искршите на средно големи парчиња.

Мелените/кршени кекси ставете ги во подлабок сад, па додадете го растопениот путер, медот и течната слатка павлака. Убаво промешајте за да се соединат сите состојки во компактна смеса.

Тестото прво мешајте го со лажица, а потоа довршете со рака за убаво да се изедначат состојките. Потоа завиткајте го во проѕирна фолија или кеса за замзнување и обликувајте го во вид на валјак (салама). Оставете го во замрзнувач во период од 1,5 час за да може убаво да се стегне.

Потоа сечете го на парчиња со дебелина од 1,5 см, а секое парче потопувајте го до половина во чоколадна глазура и оставете да се стврдне. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: