Брзо и едноставно…Пита со сирење и готови кори…Омилената пита на моите деца, ја правам секоја недела…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г готови кори
За фил измешајте редоследно:
3 јајца
350 г ситно сирење
сол по вкус
100 мл масло
100 мл газирана вода
6 г прашок за печиво
За прелив измешајте:
100 мл газирана вода
20 мл масло
100 мл јогурт, а може и повеќе
ПОСТАПКА:
Наредете три кори една врз друга, а секоја посипете ја со фил. Свиткајте во ролат и исечете го на парчиња. Исполнете намастена тепсија со парчињата и одозгора посипете ги со преливот.
Печете во загреана рерна на 200 степени, 35 минути или додека да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/NoNSZ5IBNNM?si=9hpXI3FC3whu2FBD