За фантастичниот колач со јаболка не ви е потребно многу време ниту многу состојки, а ниту многу труд. Навистина, следниот колач ќе го направите за многу кратко време, а ви гарантираме дека ќе уживате во секој залак. Уживајте!

Потребни состојки:

1 пакување pettit beurre бисквити

800 г излупени јаболка

2 пудинзи од ванила

8 лажици шеќер

500 мл вода

½ лимон- исцеден сок

Постапка:

1.Јаболката излупете ги, исчистете ги од семки и ситно исечкајте ги. Потоа префрлете ги во некој сад за готвење, додадете вода, шеќер и лимонов сок па варете 10-тина минути додека јаболката да смекнат малку.

2.Пудинзите разматете ги со 100 мл вода и додадете ги во јаболката. Проварете со мешање уште 5 минути додека кремот да се поврзе.

3.Во плех за печење со средна величина, претходно намастен со путер, наредете еден ред бисквити. Преку нив излејте половина од кремот, веднаш наредете уште еден ред биксвити, па прелијте со остатокот топол крем. Оставете да излади прво на собна температура, а потоа оставете да излади и во фрижидер.

Украсете со шлаг и послужете сечено на коцки.