Многу вкусно јадење без месо.
Потребни состојки: 320 г зелка, 80 г кромид, 20 г лук, сол, црн пипер во прав, сув зачин, малку масло за пржење, 200 г ситно кравјо сирење, 1 лажица магдонос, 4 преполни лажици брашно, 1 мала лажичка прашок за печиво, 2 преполни лажици кисела павлака, 3 јајца и калап 28х18
Постапка: Најпрво ситно исечкајте ја зелката, кромидот и лукот. На малку масло издинстајте ги додека да омекнат. Зачинете со сол, црн пипер и сув зачин, по вкус. Потоа додадете го ситно издробеното сирење, брашно, прашок за печиво, кисела павлака и изматени јајца со виљушка.
Убаво промешајте за да се соединат состојките, а добиената смеса излејте ја во калап обложен со хартија за печење.
Питата од зелка печете ја во претходно загреана рерна на 200-180 степени околу 20-30 минути или додека да добие убава румена боја.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: