Брзи сирењачиња од рерна…За 5 минути ги замесувам и потоа ги печам…Многу се вкусни и меки, а мирисаат неодоливо…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г рендан кашкавал
250 г рендано сирење
200 г кисело млеко
1 лажичка сода бикарбона/прашок за печиво
60 мл масло
60 г растопен путер
300 г брашно
1 жолчка + 2 лажици вода за премачкување
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад измешајте ги редоследно наведените состојки, а на крај додајте го брашното и замесете средно меко, нелепливо тесто.
Развлечете го во кора со дебелина од приближно 1 см, па исечете на коцки, квадрати, триаголници или по желба. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Одозгора премачкјате ги со жолчка и печете ги 18 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: