Рецепт и видео прилог на: Бокина кујна. Брзи штрудлички со ореви без квасец и без стасување на тестото. Не треба да чекате, веднаш се печат. Погодни и практични се за патување, затоа што многу долго стојат свежи, како тукушто испечени.
Потребни состојки: 500 г меко брашно тип 400, 200 г путер/маргарин на собна температура, 1 јајце, 1-2 лажички шеќер, 1 прашок за печиво, 200 мл јогурт и 1 ванилин шеќер. За фил: 150-200 г мелени ореви, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, малку масло за премачкување на корите, 1 жолчка + 2-3 лажици млеко за премачкување.
Се пече на 180 степени, 25 минути. Постапка: Во подлабок сад ставете го брашното па во него изрендајте го путерот, претходно омекнат на собна температура. Со рацете убаво соединете го со брашното додека да добиете ровка, сува, растресита смеса.
Во посебна смеса изматете го јајцето со маталка, па додадете го јогуртот и соединете ги. Во брашното со путер додадете ванилин шеќер, 1,5 лажичка обичен шеќер и прашок за печиво, па промешајте со раце за да се изедначат состојките. Во оваа смеса додадете ја мешавината од јајце и јогурт.
Замесете со рака додека да добиете изедначено меко и малку лепливо тесто, но да не остава траги. Не додавајте брашно, зошто откако ќе отстои во фрижидер ќе биде одлично за работење. Тестото оставете го во фрижидер да одмори и да се стегне околу половина час. За тоа време во еден сад ставете ги оревите и шеќерот, па со лажица добро промешајте за да се изедначат.
Работната површина малку набрашнете ја, па тестото поделете го на два дела. Со оглагија развлечете тенки кори. Преку целата површина премачкајте ја со малку масло (или растопен путер, колку да се залепат оревите). Врз секоја кора наросете рамномерно мелени ореви и со дланките нежно притиснете за да се залепат.
Потоа кората внимателно свиткајте во ролат, па исечете дијаголни парчиња (или по желба). Редете ги врз плех обложен со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со жолчка разматена со малку млеко. Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото: