БРЗИ РОЗИ СО СПАНАЌ и готови кори…Брза и лесна постапка, убав облик и вкус, секој може да ги направи…Може да бидат посни или мрсни…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 готови големи фило кори (или 16 кори со нормална големина. Важно е корите да бидат свежи. Ако се малку суви, свиткајте ги во влажна и добро исцедена кујнска крпа).
За прелив:
1 чаша масло (200 мл)
1 чаша млеко или газирана вода (200 мл)
1 лажичка сол (4 г)
За фил (може секаков фил по избор):
5 лажици масло (25 мл)
1 главица кромид
400 г спанаќ
1 лажичка сол (4 г)
1 лажичка чили пиперка (2 г)
1 лажичка црн пипер (4 г)
1 лажичка црвена пиперка во прав (4 г)
За премачкување одозгора:
1 жолчка од јајце / за посна варијанта се премачкува само со преливот
ПОСТАПКА:
1.За преливот сипете ги сите состојки во подлабок сад и измешајте ги.
2.За фил: сипете масло во тавата и пропржете го ситно сечканиот кромид. Додајте го измиениот и сечкан спанаќ и продолжете со динстањето додека водата да се ослободи и овене.
Посолете ги и зачините, измешајте и по 2 минути тргнете од шпорет и оставете да се излади.
3.Отворете ги корите на работна површина. Ако користите големи кори, секоја пресечете ја на 4, така да добиете 16 кори. Земете едно парче, штипнете го со прстите во средина и свртете неколку пати за да се набори кората.
4.Посипете ја со неколку лажици прелив преку цела површина, а на средината ставете фил.
5.Потоа преклопете од едната страна, па од другата страна.
6.Соберете ги сите краеви кон средината, да добиете облик на неправилна топка.
7.Вака подготвените печива редете ги со лицето надолу (долната страна да биде одозгора) во плех обложен со хартија за печење.
8.Во преостанатиот прелив додајте една жолчка и промешајте. За посна варијанта не треба ништо да додавате, а по желба можете да ставите сосем малку куркума или црвен пипер за жолта или црвена боја.
9.Со лажица посипете ги ружичките со овој прелив и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 45-50 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.