Фото и рецепт: Сања Милојевиќ – Рафаело топчиња.

Мислам дека сите деца го сакаат овој колач. Јас ги направив без лешник и бадем, а доколку сакате вие можете да ставите во средината од секое топче.

Потребни состојки:

200 мл слатка павлака, 100 мл млеко, 1 кесичка пудинг од ванила, 4 лажици шеќер во прав, 100 г кокос и + 50 г за валкање на бомбиците и 1 кесичка ванилин шеќер.

Постапка:

Ставете ја слатката павлака на оган, а во млекото разматете го прашокот за пудинг со 2 лажици шеќер во прав. Кога доволно ќе се загрее павлака, пред зовривање, во тенок млаз додадете го разматениот пудинг и со постојано мешање варете додека да се згусне.

Тргнете го пудингот на срана и веднаш додека е топол во него додадете 100 г кокос и добро промешајте. Оставете ја смесата да се олади на собна температура со повремено промешување, а потоа оставете ја во фрижидер два часа.

По изминатото време, во една чинија ставете 50 кокос и промешајте го со една кесичка ванилин шеќер. Извадете ја смесата од фрижидер, додадете 2 лажици шеќер во прав, па добро промешајте додека да се изедначи и соедини.

Со помош на лажица земајте од смесата, обликувајте топчиња, валкајте ги во кокосот и редете ги на тацна. По желба може да ставате по еден лешник во секое топче. Оставете ги бобиците еден час во фрижидер пред послужување.

Фото и рецепт: Сања Милојевиќ