БРЗИ ПРОИЧКИ…Меки како души, дури си се завртел, се изеле….Одлични за појадок, вечера или како закуска…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):
1 чаша бело брашно
1 чаша пченкарно брашно
1 чаша течен јогурт
1/2 чаша масло
3 јајца
1 кесичка прашок за печиво
1/2 лажичка сол
250 г ситно сирење
ПОСТАПКА:
1.Сите состојки изматете ги со жица додека да се соединат и да нема грутчиња. Пред крајот додајте ги солта и прашокот за печиво. Потоа додајте го сирењето и промешајте.
2.Со смесата полнете ги калапите за мафини, претходно намастени, посипете сусам, па ставете да се печат 10 минути во загреана рерна на 180 степени и уште 5 минути на 200 степени.
Постапката погледнете ја ОВДЕ.