Рецепт и видео прилог на “Да готвиме лесно” (Kuvajmo Lako) – Брзи погачици.
Овие погачици се идеални за појадок или вечера. Постапката за приготвување е едноставна и брза, а вкусот е одличен.
Потребни состојки:
400 мл јогурт
150-160 мл масло
1 прашок за печиво (12 г)
2 рамни лажички сол
5 чаши (од 200 мл) брашно
за фил:
150 г сирење
1 белка
1 жолчка+малку јогурт за премачкување
сусам за наросување
Постапка:
Во подлабок сад измешајте 400 мл јогурт на собна температура, 150-160 мл масло и една кесичка прашок за печиво. Соединете ги состојките. Додадете 2 лажички сол и 5 чаши брашно. Брашното додавајте го постепено.
Цело време мешајте со лажица додека можете, а на крај тестото замесете го со рака. Ќе добиете убаво мазно тесто. На страна во посебен сад издробете го сирењето (150 г) и измешајте го со една белка од јајце. Соединете ги состојките. Тестото поделете го на 15-16 делови и од секој дел со помош на дланките формирајте топче.
Малку сплескајте го топчето, филувајте го со сирење и повторно затворете го во топче. Погачите редете ги во плех обложен со хартија. Одозгора премачкјате ги со мешавина од изматена жолчка и малку јогурт.
По желба наросете сусам и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути додека убаво да заруменат. Деталите од постапката можете да ја погледнете во видеото: