Рецепт и видео презентација на “CooKing” – Чоко-плазма обланди, готови за неколку минути со многу богат фил. Вкусни и слатки чоколадни обланди со кекси многу брзо и лесно се приготвуваат.
Потребни состојки: Едно пакување обланди, 200 г путер или маргарин, 80-200 г шеќер по вкус, 100 г чоколадо, 300 г плазма или некој друг мелен кекс, 380 г кисела павлака.
Постапка: На умерен уган ставете да се растопи 200 г путер. Мешајте додека убаво се растопи целиат, а потоа додадете од 80 до 150 г шеќер, во зависност од тоа колку сакате да биде сладок филот.
Кога убаво ќе се растопи и шеќерот а смесата ќе зоврие, тргнете го тенџерето на страна и додадете 100 г чоколадо искршено на коцки. Мешајте додека е топло за да се растопи чоколадото во него и да се соедини во еднолична смеса.
Во растопената чоколадна смеса додадете половина од вкупната количина на мелени бисквити и промешајте за да се впијат во смесата. Постепено додавајте го и остатокот на мелените кекси. Смесата ќе биде сува, но затоа додадете 380 г кисела павлака и убаво промешајте.
Сега веќе ќе добиете прекрасен густ крем со кој ќе ги филувате обландите. Ставете еден лист обланда со мазната страна свртен надолу, а со коцкичките свртен кон горе. Распоредете 3-4 лажици од филот и убаво нанесете ги преку целата површина. израмнете.
Преклопете со втор лист обланда, филувајте на ист начин, распоредете, израмнете и поклопете со трет лист обланда. Повторете ја постапката додека да ги потрошите состојките. Обландата покријте ја со крпа и ставете некоја тежина одозгора за поубаво да се стисне.
Откако убаво ќе се стегне ќе можете со остар нож да ја сечете обландата на штангли, коцки или баклави. Многу се вкусни и декоративни, па може да ги направите за било каков повод и прослава. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.