БРЗИ ПИТИЧКИ ЗА СЕКОЈ ДЕН…Со готови кори и сирење, превкусни се…Овие питички ги подготви Донка Димитрова според рецептот на Јорданка Тодорова. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
250 г кисело млеко
1/2 кесичка прашок за печиво
300 г ситно сирење

И уште:
12 готови кори за пита
50 мл масло + 50 г растопен путер за премачкување

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад изматете ги јајцата, додајте кисело млеко помешано со прашок за печиво, па ситно сирење или урда посолена по вкус.

Отворете една кора, премачкјате ја со маснотија, поклпете со втора кора и повторно премачкајте. Распоредете фил и свиткајте во ролат или правоаголник широк 4 прсти.

Ролатите наредете ги во плех овложен со хартија и одозгора премачкјате ги со преостанатата маснотија. Печете во загреана рерна додека да заруменат.

Највкусната пита со сирење и готови кори…Рецепт кој ќе си го чувам засекогаш…